Секоја струка има своја терминологија, во процесите на производство на вино од виногорјата до крајниот конзумент се преплетуваат повеќе струки кои користат унифицирани термини со цел да ги опишат вината. Таквиот начин на комуникација можеме да го наречеме јазикот на виното. Доколку се користиме со јазкот на виното, многу полесно ќе објасниме какво вино сме конзумирале или пак какво вино сме произвеле. Во рестораните подобро ќе ги разбереме желбите на гостите или пак препораките на сомелиерите. Во големопродажбата и малопродажбата е истата приказна, виното треба да се претстави на својот вински "esperanto". Објаснувањата на аромите на вината од личен аспект како на пример "мирисот на лепилото од основно училиште" или "пак мирисот на гаражата на кумот" може да биде корисно разговарајќи со тесен круг на ваши пријатели, меѓутоа е не прикладно при евалуирање на вината кон пошироката јавност. Аромите и вкусовите се најадекватен начин за опишување на вината. Меѓутоа иако гледано од научен аспект аромите и вкусовите може да се евидентираат според хемискиот состав, тоа не ни овозможува да ги користиме во винскиот вокабулар бидјеќи не можеме сензорно да ги детектираме от типот "Го чувствуваш ли атомот на сулфур? Да, да измешан е со уште мислам два атома на кислород." (едноставно не бива). Некој пак вински познавачи, милуваат да користат при опишување на вината термини како, женствено, елегантно, неспретно, нервозно, живо, тупо итн. Таквиот опис може да помогне меѓутоа не го објаснува виното во целост а уште помалку причините за таквите квалификации. Можеби не сакаат да ни го опишат виното во целост туку само да не заинтригираат со таквиот опис и да наговестат за какво вино можеби станува збор.
Како и да е WSAM (Wine & Spirits Academy of Macedonia) поддржана од македонските винарии, отпочна со кратки работлници да ја доближи вистинската винска комуникација до аматерите и професионалците во ова област. Јазик кој го разбираат во сите винарии, угостителски објекти и компании во светот. Повелете денес 07/03/2018 Среда во 20:00h во ресторан Воденица. Задолжителна резервација ТУКА
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |