Ново злато и по некое сребро, познати винарници, нови берби и пролетни пријатни изненадувања на реномираниот вински натпревар Мундус Вини 2021 Пролетното оценување на германскиот реномиран вински натпревар Мундус Вини 2021, најверојатно најави една успешна златна година за македонските винарници и македонското вино.
Пријатно изненадување ни доаѓа од јужна Рона, Франција, каде македонската винарница Тиквеш која го поседува дворецот Гордун, и во кој ги изготвува своите вински делиции со вештите раце на македонските винари, е виното: "Tераса во сенка 2018" Terrasse à l'Ombre 2018 кое освои Големо Злато (некој го нарекуваат и дупло злато) и воедно беше прогласено за најдобро вино на натпреварот од јужна Рона. Топлата овошно-зачинска прегратка на Сира и Грoнаш, со хармоничните вкусови и долгата завршница, едноставно не го остава никој рамнодушен. WineShopLink Едно од најнаградуваните вина Domaine Barovo Red Cuvée 2018 - традиционален асемблаж помеѓу вранец и неговиот родител кратошија, од поседот Барово во подножјето на планината Кожуф. Нема изненадувања, уште еден златен медал за ова вино и награда за надјобро вино на настанот од Македонија. Сепак, бербата 2018 остави силен печат врз ова куве, па кокрај комплексниот ароматски профил на свежо набрано шумско овошје, слатки зачини и суптилни суви медитерански билки, оваа берба нуди силна структура поради која се подготвува појавување на овоа вино и во Магнум шишиња од 1,5 l со цел да се збогати ароматската комплексност со дополнително одлежување во шише. WineShopLink Уште не обледнал сјајот од ланското злато добиено на натпреварите Concours Mondial de Bruxelle, China Wine and Spirits Awards, Balkans International Wine Competition и Selectiones Mondiales des Vins Extremes, Domaine Barovo White Cuvée со новата берба 2020 се закити со уште еден златен медал. По се изгледа дека полека но сигурно овој Совињон го пронајде своето место на врвот. WineShopLink Aроматичниот траминер или Gewürztraminer 2019 на винаријата Попов се закити со златен медал. Иако повеќе близок на алзашкиот стил, нудејќи буцмасто тело, егзотично овошје преплетено со слатки зачински и цветни ноти, со нежен тон на саќе во контраст на освежителен вкус на суво вино, очигледно гo погоди германскит организатор на настанот рамно во срцето. WineShopLink Покрај тоа што последните две декади на винската сцена доминираат вина со овошен стил потикнат од "новиот свет", вистинско уживање е да се начека вино кое и после десет годишно одлежување е доминатно овошно и освежително каде штотуку започнатите терцијалните ароми ве голицаат со секоја нова голтка. Токму таков е вранецот Марков Манастир 2011 на винаријата Сковин, сложен, разигран и силно структуиран. WineShopLink Domaine Lepovo Chardonnay 2020 ја започна годината со сребрен медал. Шардоне во бургундиски стил, слоевито со маслена текстура и долг овошно-зачински послевкус. WineShopLink Koria Temjanika Venec 2020 - "сребрената" Temjanika, веќе може да му дадеме таков прекар на ова ароматично вино кое во континуитет веќе неколку години се закитува со сребрен медал. Одлично исцртани ароми на цвет од бозел и бело грозје, кое ви дава наговестување на слатко вино. Сепак, на вкус добивате контраст на суво и освежително вино со пердувеста леснотија. WineShopLink Сомелиерски Обуки
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |