Можеби ќе претерам ако на овој настан гледам како на дел кој му недостасуваше на македонскиот вински код. Меѓутоа неспорно е дека со развојот на винскиот регион паралелно се развива и винската култура која пак генерира простор за вакви настани каде главната улога ја има виното и приказните за неговото родно место, за страста на неговите креатори, како и искуствата на неговите вљубеници. Винскиот Салон е од изложбен и дегустациски карактер, ќе се оддржи во прекрасниот амбиент на хотелот Мериот на 11 и 12 Ноември. Во склоп на настанот се предвидени повеќе работилници и предавања со кои на посетителите ќе им се овозможи да се доближат до винските тајни со што би се поттикнал хедонистичкиот момент. Секако одговорното конзумирање е неизоставен дел од приказната Винодонија која во слободен превод претставува земја на виното.
Влезници на следниот линк mktickets.mk/vinodonia-2016 Повеќе информации на www.vinodonia.mk
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |