Барајќи начин како да се освежам додека сонцево ме пржи како јајце на око, се сетив на еден коктел кој ни го понудија во Порто да се освежиме од качувањето на ридот на Вила Нова де Гаја каде се наоѓаа визбите кој ги кријат прочуените порта. Сеќавајќи се на тој момент решив да го споделам со вас коктелот Порто-Тоник како освежтелен и едноставен са приготвување. Иако кај нас има слична варијанта што некој го нарекол "Бунар", сепак е прилично различно кога станува збор за вкусот. Порто-Тоник за основа користи зајакнато суво или полусуво бело вино, кое повеќе се користи за коктели отколку чисто. За жал не верувам дека ќе успеете да го најдете кај нашите угостители меѓутоа лесно ќе се снајдете да го приготвите сами. Што ви треба:
- Бело Порто Вино , купете тука - Тоник - Лимон - Мента - Мраз - Сол - Бибер Подготовка: Во винска чаша ставете 3-4 коцки мраз, налејте од 2/3 од портото врз мразот, исцедете 1/4 лимон, ставете неколку парченца од лимуновата кора, додадете 1-2 ливчиња мента (нане), налејте тоник 1/3, многу малку посолете и забиберете. Наздравје !
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |