Радгонске Горице - најстара и најголема винарија во Словенија позната по своите високо квалитетни и често наградувани пенливи вина уште за време на неколкуте бивши Југославии. Кога би можеле да зборуваат подрумите на Радгонске Горице, кои создаваат магична атмосфера, но воедно и идеална температура за мирно созревање на пенливи вина, сместени под водопад, во карпест предел низ кој некогаш проаѓале римски тунели, тие би можеле да кажат многу приказни кои би изгледале отприлика вака. Лоцирана на самата граница со Австрија помеѓу сончевите ридови на северозападниот дел од панонската низина. на десниот брег од реката Мура која нежно влијае на умереноста на континеталната панонска клима. и овозможува целосно зреење на грозјето но и задржување на потребната свежина, клучна за производство на врвни пенливи вина или уште локално наречени "Пенине" (Penina), заштитен термин кој се користи екслузивно за пенливите вина од Словенија. Тероарот и покрај тоа што се смета за дел од плодната панонска низина, лозјата се лоцирани на мошне сиромашна кафена глина со песочна текстура или промешана со чакал, присутна околу пет милиони години во тој дел, која пак обезбедува поквалитетен род. Првото пенливо вино по кое е прочуена винаријата повеќе од 160 години или поточно од 1853 година е Златна Радгонска Пенина. Тоа е воедно и прво пенливо вино од Словенија добиено по традиционална метода. Метод по кој се произведуваат славните француски шампањци. За производство на пенливи вина по традиционална метода потребни се најмалку три до четири години, што не го гарантира квалитетот, го зголемува ризикот на инвестицијата и силно влијае врз цената, поради што за производсрво на успешните пенливци како Златна Радгонска Пенина бараат голема посветеност, страст и познавање при нивното производство. Брендот стар повеќе од век и половина е добитник на преку честириесет шампионски титули и над две стотини златни медали кои го потврдуваат неговиот квалитет и конзистентност. Слично како и во песната "Oдиме во Штаерска", брендот Златна Радгонска пенина има три сестрински стила од кои полусувиот стил е воедно и најслаткиот. Стил кој ги плени повеќе женските срца. Златно-жолтите нијанси ве канат да ја истражите мистеријата на цветното буке, полно со овошни едри вкусови и придружувано со ноти на бадем. Нежните меурчиња како ѓердан кој не бледее, ќе ги задоволи и накаприциозните конзументи.
Од сега и во онлајн продажба на eBar.mk
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |