Dornfelder [Дон-фељ-да] мошне популарна и релативно млада германска винска сорта, која датира од средината на педесетите години од минатиот век. (ова со веков, опасно звучи) Нејзиниот креатор August Harold ја извадил на овој вински свет со помош на вкрстување на други две вински сорти, Helfensteiner x Heroldrebe. Вториот родител Heroldrebe, е исто прозивод на ценетиот August Harold по што и го носи неговото име, добиен исто по пат на вкрстување, но овој пат помеѓу познатите Portugieser (Portugizac) x Blaufrankisch (Frankovka).
Меѓутоа ако го тргнеме семејното стебло на страна и кој каква волна преде, она што е интересно за винските сорти кои се добиени по пат на вкрстување наречени уште "кросови" од cross е фактот дека многу ретко успеваат да дадат добар резултат. "Па добро зошто едноставно не ги измешаат сортните вина и ќе го добијат кросот во чаша". Целта на вкрстувањето е да се добие сорта која покрај тоа што ќе даде атрактивен плод со одреден органолептички потенцијал, воедно да биде прилагодена на околината и отпорна на тамошните болести и штетници со што ќе се намали интервенцијата на хемиските средства а зголеми шареноликоста на биодиверзитетот и поздрава еко-средина. Ах, да ... "приносот" иако не е клучната причина за вкрстувањето сепак е неизоставан дел од вкрстената приказна И покрај тоа што со вкрсувањата тешко се доаѓа до задоволителни резултати, некој кросови како што се јужно-африканскиот Pinotage [Пи-но-таж] и германскиот Dorfelder постигнаа навистина огромен успех. Токму поради тоа ми светнаа очите кога го видов ова розе во Lidl за некој ситнеж од евра. Воедно топло ја препорачувам оваа хармонична јагодесто-киселкаста бомбона со кремава текстура и долг послевкус. www.eBar.mk
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |