Деновиве на нашиот пазар се појавија хрватските премиум вина на винаријата Бенковац, познати под името Корлат. Покрај тоа што за повеќето е некако тешко замисливо на овие скопски екстремно високи температури да конзумираат полно, сочно, овошно црвено вино, сепак во вечерните часови таа овошност се покажа исклучително освежувачка и е добар пример за разбивање на митот за летни и зимски вина. Инспириран од приказната која ја носат овие вина со себе, решив накратко да ве запознаам со истата и она што мене ми остави впечаток. Иако станува збор за интернационални сорти, што на прв поглед ги прави овие вина помалку атрактивни за нашиот пазар, од две причини, бидејќи и ние ги имаме тие сорти и бидејќи за познавачите се генерално повеќе атрактивни некој автохтони сорти кои не секогаш имаат некој посебен афинитет да го пренесат она што французите го дефинирале под терминот тероар. Сепак, без разлика што станува збор за иста винска сорта високо квалитетните вина од различни региони се разликуваат помеѓу себе, а овие вина мошне вешто го откриваат своето потекло каде почвата е нивниот адут. Винаријата Бенковац се наоѓа во далматинската заднина во близина на Задар. Го опфаќа виногорјето Бенковац-Станковци кое се одликува со медитеранска клима и пуст карстен предел кој повеќе потсеќа на Месечина отколку на нашата зелено-сина планета. Винаријата како дел од компанијата Бадел била позната по производство на квалитетно розе вино, кое долг период ги освежувало туристите на јадранското крајбрежје. Меѓутоа стручните лица во компанијата Бадел-Вина го препознаваат потенцијалот на суб регионот и набргу пустиот каменит предел околу селото Корлат го претвораат во вистинско лозарско чудо. Багери, каменокршачи и друга механизација, геолози, геометри, агрономи и разно разни стучни лица испитуваа и го подготвуваа уникатниот терен за првите лозови насади кои во 2005та беа донесени од Франција. Никој не ни можеше да претпостави дека од тој камењар ќе се изродат вина на кои ќе им се воодушевуваат винските познавачи по Верона, Лондон, Париз ... Но зошто токму тука, компанијата Бадел ја поседува оваа винариија веќе 55 години? За амбициозниот проект "Вино од Камен" почнува да се рамислувоа во 2003 кога е проценето дека токму овие широко распространети интернационални сорти кои инаку се слабо застапени во Хрватска, со потенцијал за производство на високо квалитетно вино можат да најдат солиден пласман на тамошниот пазар што инаку беше претежно покриван од увоз. Камена прекривка
Иако ориентирани кон морето, лозовите насади се изложени на прилично сурови климатски услови, меѓу кои се истакнуваат силните бури и во летниот период сушните и жешки лета. Со разбивање на камените блокови во почвата е обезбеден пристап на коренот да продре во длабочина од каде ќе обезбеди доволна количина на вода и хранливи материи за здрав принос. Не целиот камен е отстранет од површината, тој е потребен за задржување на влагата во почвата преку спречување на испарување на истата како и за рефлексија на сончевите зраци со што креираат уникатни микро-климатски услови, заедно со термичкото зрачење во постудените ноќни периоди. Мерло, Каберне или Сира, кое ? Сите три вина се во иста кавлитативна категорија, со силно изразени и лесно препознатливи овошни ароми, зрели заокружени танини, солиден баланс помеѓу киселините и овошноста, добро интегриран алкохол, концентриран вкус и долг финиш. Вреди да се пробаат сите затоа што секое од нив одлично ја изразува типичноста на сортата. Доколку баш би требало да посочам на некое од нив тоа би било Сира, поради хармоничноста на вкусовите и зачинските ноти, вино кое повеќе припаѓа на вината од Новиот Свет. Вината Корлат се во он-лајн продажба на eBar.mk
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |