Пребирлива бунгурдиска сорта, екстремно променлива, релативно чувствителна и со потенцијал на постојан лов по есенциите на местоположбата. За Пино Ноар виното може да се каже дека е најценето вино во светот, но зошто ? Не е толку богато или пак 'големо' како неговите благородни роднини Pinot Gris и Pinot Blanc, во суштина е прилично спротивно од нив, карактеристична светла проѕирна рубин боја и суптилни ароми, што повеќето "познавачи" онака од око би го ставиле во групата т'нко вино, лито ... Да е маката уште поголема, самата сорта е тешка за одгледување и бара посебна грижа и познавање поради честите заболувања и слабиот принос. Но тука не завршува приказната, потенцијалот за високо квалитетно вино како и карактеристиката на сортата да го изрази тероарот, се вистински предизвик за секој енолог. За оваа сорта би напоменал уште дека е составен дел во производството на шампањ поради карактеристиката да ги зголеми автолитичките ароми како и да го подобри телото. Успешно зрее во студени и умерени климатски услови. Македонија и покрај тоа што не е препознатлива по Пино Ноар, сепак може да се носи рамноправно со останатите Пиноа од Новиот Свет. Како пример за тоа би го издвоил Pinot Noir од Domeine Lepovo, само да спомнам за тие што не знаат, терминот Domaine значи дека грозјето е исклучиво од насади на винаријата, што обично укажува на посебна грижа кон одгледувањето како и самата берба.
Оваа лимитирана серија од 6500 шишиња, потпишана од Philippe Cambie, го наговестува стилот на новиот македонски Пино. Џиновски скок со овошен вкус и интензитет во однос на францускиот Пино каде се карактеристични земјените ароми, печурки и влажни лисја. Црвена рубин боја, ароми на црвено овошје, цреша, рибизла, траги на еукалиптус, топли зачински ноти на ванила, даб, средни киселини, средно полно тело, хармонично со долг финиш на цимет и зрело црвено овошје. Доколку сакате да уживате во ова вино, кликнете тука
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |