Веројатно нема да згрешам многу доколку петпоставам дека повеќето честитки упатени кон производителот RR Wine од Чиле, за она што го оценува Decanter како "Најдобро Вино на Светот за 2016", беа искажани со стиснати заби од нивните колеги Секако тоа немаше да претставува некое чудо доколку станува збор за некое раскошно вино од Бордо во однос на помалку гламурозниот чилеански Малбек кој во супермаркетите на ASDA ширум Обединетото Кралство можеше да се купи за само £4.37 (неполни 320 ден). Не је исклучувам и можноста клиентите да добиваа за подарок папучи или нешто слично во знак на "внимание" што ја намалуваат тежината на полицата за вино. Како и да е, титулата "Најдобро Вино на Светот" е безмалку претерано. Виното La Moneda Reserva Malbec, Central Valley, Chile 2015 по пат на темна дегустација на престижниот натпревар Decanter World Wine Awards ја однесе највисоката награда во групата сортни вина под £15. Секако ова награда е големо признание за чилеанската компанија RR Wine, но покрај тоа уште повеќе претставува несомнено пробивен момент за глобалната индустрија на наливни вина. Оооо, да ... уште еднаш, н а л и в н и в и н а. Победничкото вино е произведено во Чиле транспортирано како наливно вино за да биде флаширано на доковите во Avonmouth- Bristol, каде со полна пареа работат неколку мега-полнилници со по неколку модерни високо-брзински линии за полнење меѓу кои e најголема австралиската Accolade Wines која процесира 600k шишиња дневно, работи 24 часа 363 дена во годината. Само лани 2015 година процесирала 25 мил. 9lit-пакети вино. Инвестирањето во развојот и иновациите во траспортот на наливно вино последните неколку години вродија со плод. Тоа јасно може да се види преку порастот на увоз на наливни вина во ISO-tank и Flexitank кои се флашираат на самите пазари каде е таргетирана нивната конзумација, како за пример 64% од вината кои се увезуваат во EU се наливни за разлика од пред десет години кога изнесуваше 18% (извор: Wine Annual Report and Statistics 2015). Иновациите, особено кај флекситанковите (Flexitank) се во насока на одржување на квалитетот на виното со неговото напуштање на винаријата. Во извештајот на WRAP - Waste & Resource Action Programme наведени се бројни предности во однос на одржување на квалитетот при транспорт на наливно вино во споредба со транспорт на истото вино во шишиња. (повеќе)
Според тоа фактот што престижната награда ја однесе наливно вино и не треба толку да не изненадува. Но колку далеку нагоре по ценовното скалило треба да се искачи оваа награда за да ги убеди купувачите дека е можно да се гледа позитивно на денешните наливни вина, и дали во иднина ќе можеме да видиме некое премиум вино спакувано во повеќеслоен полиетиленски меур за еднократна употреба?
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |