Навистина е предизвик да се додаде некој збор повеќе за некое вино на кое етикиетата скоро и да не се гледа од награди кое ги има добиено од повеќе светски вински авторитети, но сепак ќе го игнорирам тоа и ќе ве повикам да ѕирнеме позади етикетата. Што е Сира ? Сира е винска сорта грозје и секако не е сираче, потекнува од татко Dureza црно грозје од областа Ardeche (југоисточна Франција) и мајката Mondeuse blanche, бела сорта од Savoy (француски регион кој граничи со Италија и Швајцарија). Нивниот потомок Сира се сместил пред многу години, помеѓу нив малку повеќе јужно по долината на реката Рона и од тука го започнал своето патување околу светот. Сира (Syrah) и Шираз (Shiraz) една иста сорта, но кога се однесува на вино постои не пишано правило: кога нарачувате Сира вино мислите на француски стил, помалку овошно, високи киселини, земјести и хербални ароми. Додека пак кога нарачувате Шираз мислите на австралиски стил, силни зрели овошни ноти преплетени со интензивни зачински ароми. Cote Rotie е мал но прочуен светски вински регион во Франција од каде доаѓаат најдобрите примероци на Сира, а Ampuis е живописно селце на брегот од реката Рона во срцето на Коти Роти во кое се одржува престижниот натпревар на сите светски Сира вина каде Ten Barrels Syrah Reserve 2011 се закити со уште еден златен медал. Она што го одликува овој регион e, микро климата, почвата која е поделена на два дела Кафена Падина (Cote Brune, богата со железо варовнички шкрилци) и Русoкоса Падина (Cote Blonde, лесно присуство на гранит и варовнички шкрилци), терасестото виногорје источно оријентирано, уникатниот начин на подврзување во куполи, секоја лоза засебно, се се работи рачно, дури и земјата свлечена од ерозија секоја година се качува назад на лозјата што секако влијае на цената на вината од овој регион. За поздрав е одвжниот чекор на производителот да и покрај тоа што Македонија не е северна Рона - Франција или долината Бароса - Австралија, се впушти во авантура што би ја нарекол француски зачин на австралиски начин, поради синергијата на овие два стила Syrah и Shiraz, со поголем нагиб кон Шираз, секако печатирано Made in Macedonia.
Отаврајќи го ова вино како да ја отварате Алдиновата ламба, меѓутоа нема да го видите ликот со големиот нос, менѓуши и турбан на главата, бидете спремни на експлозија од зрели овошни и зачински мириси, сите параметри се на максимум: капина, боровинка, сладок корен, темјанушка, трага од камфор и чад, каранфилче, бибер ... Средно виоки зрели танини и киселини, полно тело и долг зачински послевкус. Одлично избалансирано вино, едвам и да приметите дека станува збор за скоро 16% алкохол. Во светот каде што важи правилото "што поголемо тоа подобро" ова вино е идеален избор. Каде да купите ?! Кликнете тука
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |