Златна Наша Темјаника Досега малкумина имале прилика во буквален смисол да вкусат злато и тоа најчесто како дел од декорација на некој десерт или евентуално во некој коктел, но да се пие вино со 24 каратно злато е дефинитивно ново искуство кое деновиве ќе ни го овозможи винаријата Камник со лансирањето на "Golden Temjanika - 2014" (Muscat Blanc a Petits Grains) Златото ако го набљудуваме органолептички, кај мисрис и вкус ќе забележиме чиста нула, нема ни мирис ни вкус, меѓутоа кај изглед котира на самиот врв. Тоj прекрасен спектар на жолтеникави нијанси кои сјајно треперат ни будат посебно убаво чувство, ни даваат луксузна нота на самото вино кое инаку е со солиден квалитет. Не треба да не вознемурува луксузната нота бидејќи цената на ова посебно вино не ја прати таа насока. Element 79AU-Aurum / Златото односно златните ливчиња во случајов се потполно безбедни за конзумација, хемиски се инертни, антиалергетски и немаат никакво влијание ниту на мирисот ниту на вкусот на виното. Вкупната количина на злато е помала од една десетина грам така да можете да ги спакувате цедалките и газите назад на место, нема да се офајдите од него. Златото генерално е одобрено за конзумација и носи ознака Е175 и покрај тоа што е метал нема да ви се наталожи во организмот ниту пак да предизвика некоја физичка повреда што би се рекло да се испосечете. Она што го прави интересно е неговата инплементација како метал за конзумирање во самата гастрономија (чудно звучи "Јас пијам метал") Најголем потрошувач на злато во кулинарството е Индија со 12t годишно. Во Јапонија го користат во саке за наздравување при свадбените церемонии, најдобрите шефови на сашими го корситат за декорација. Во Пакистан понекогаш го користат како афродизијак, меѓутота не е потврдено неговото дејство, што значи дека не треба да влечкате со вас некое привезоче од баба за секој случај. Златото има долга традиција и во медицината, освен за "златан зуб", се користи и за лечење на артритис, HIV, рак ... Сакате да го купите овој производ, кликнете тука
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |