Најдобриот светски патник Каберне Сoвињон (Caberent Sauvignon ), винска сорта од кое се добива концентрирано, танинично црвено вино со посебен афинитет кон долго стареење. Потекнува од Жирон ( Gironde ) десниот брег на реката Гарон ( Garonne ) која природно го дели градот Бордо ( Bordeaux ) но и истоимениот регион на два дела, често спомнувани како лев и десен брег на вливот Гарон, исполнет со 37 суб-региони, секој со своја строга и прецизна апелација. Кабернето своето прво пократко патување го започнува со префрлање на левиот брег од реката Гарон и тоа во Пуијак ( Pauillac ) и Сант-Естеф (Saint-Estephe ) од каде бргу се шири по околните суб-региони и до денес го обележува левиот брег како регион во кој се произведува најдоброто Каберне во светот Она што неодамна во 1997 година ја изненади винската публика е потеклото на Каберне Сoвињонот како потомок од вкрстувањето на црната сорта Каберне Франк (Cabernet Franc ) и белата сорта Совињон Блан, што представува прв пример каде црна сорта грозје води потекло од бела сорта, нешто што до тогаш се сметало за невозможно. Како лесно ќе препознаете Каберне од Бордо? Замислете си нова кожна ташна полна со црни зрели цреши на која не сакајќи сте седнале, кога ќе ја отворите ... тоа е тој мирис на Каберне Сoвињон од Бордо, секако тука се присутни и други ароми кои ќе ги разгледуваме некоја друга прилика. Кабернето покрај Бордо успешно вирее и во САД - Калифорија, посебно во славната долина Напа, меѓутоа не е лошо да се знае дека американската апелација дозволува мешање и до 25% со друга сорта во вината етикетирани како Каберне Сoвињон. "Подолгите" носови понекогаш може да детектираат арома на зелена пиперка која спаѓа во групата соединенија Пиразини, исклучително силни кои може да се детектираат и во количини како 10-20 дел од трилион. Овие ароми ни укажуваат на вина од нецелосно зрело грозје, кое за среќа ретко се случува кај нашите вина. Каберне кое со задоволство би го препорачал врз основ на цена-перформанси, е од премиум линијата на винаријата Попова Кула, Cabernet Sauvignon Perfect Choice 2007 . Вино добиено од посебен тероар и лозови насади 25 години стари, рачна берба во раните утрински часови, грозјето собрано во мали гајби се со цел да се избегне неговото оксидирање.
Еве што се крие зад златната етикета: Длабока црвена рубин боја, средно висок интензитет на џемасти ароми од зрело црвено и црно овошје како капина, модра слива и боровинка со навестување на тревни ароми на скинати листови од црна рибизла, зачински ароми на ванила, мускатно оревче, траги на кремен, чад. Вино во развој без назнаки на терцијални ароми. На вкус, суво, средно високи киселини, алкохол, и фино зрнести танини, полно тело со средно висок интензитет на вкус од црвена цреша, рибизла, ванила. Избалансирано со заокружени киселини, помалку кремасто, особено долг финиш на црвена цреша и ванила. Многу добро вино поради комплексните ароми, долгиот финиш и концентрацијата на овошје. Спремно за конзумација меѓутоа има афинитет за стареење поради нешто повисоките танини и киселини, за 3-4 години би требало да биде целосно развиено Препорачаното вино можете да го купите тука
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |