Не постои вистински или погрешен начин да се дегустира вино, едноставно или ти се допаѓа тоа што го пиеш или не. Дегустацијата на вино може да биде исто толку едноставна како и самото прашање - дали ти се допаѓа тоа што го пиеш или не? Дегустирањето во однос на едноставното пиење ја зголемува нашата почит кон виното кое пак ни дозволува детално да го истражиме и ги откриеме неговите на прв поглед потскриени убавини или грешки. Иако процесот на дегустирање во почетокот делува повторувачки со тек на време тој станува подсвесна навика а уживањето во виното е секако поголемo од едноставното пиење. Велат постои формален начин на дегустација со која откривате повеќе за виното во вашата чаша, дури и пред да почнете да го пиете. Од лично искуство јасно ми е дека тој метод како и целата таа еуфорија околу виното на моменти може да делува застрашувачки и одбоjно, како резултат на стравот од непознатото често ќе си речете " не, не е тоа за мене ", затоа ќе го скршам тоа табу за вас, поедноставувајќи ја дегустацијата, оставајќи ги вашите чувства лагодни и сигурни, доколку сакате да ја користите оваа метода. Едноставно во четири чекори: Погледни-Заврти-Помирисај-Вкуси и заклучи - Што гледаме во виното - Како го вртиме виното - Како го мирисаме - Како го вкусуваме Споделете го знењето со пријателите:
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |