Сакате ароматични вина ? Вино кое ќе ги рабуди вашите перцептори за мирис и делува како ароматска терапија врз вашиот нервен систем ? Вино со умерно освежителен вкус, полно и допадливо? Пробајте Gewurztraminer [Ге-вуц-тра-ми-на]. Иако името на ова винско грозје наликува како наредба за напад на Сталинград или некој дел од германски автомобил, станува збор за природно ароматско мутиран вински клон од групата Savagnin [Са-ве-ња] од која се добиваат мошне популарни и префинети вина. Најпознатите примероци доаѓаат од Alsace-France, Pfaltz-Germany, Alto Adige-Italy, меѓутоа успешни резултати реализира и во Словенија, Хрватска, Бугарија. Поради различните синоними од типот Траминец, Траминер, Ароматичен Траминер, Црвен Траминер, Гевуцтрмина итн. имаме поприлична терминолошка каша што може лесно да резултира во погрешно испорачано вино во вашиот ресторан. Со таа цел иако станува збор за иста винска сорта Savagnin, мутациите се поделени во три базни групи, односно според стилот на вината би поедноставил и поделил во две основни групи: Savagnin Blanc - Бело винско грозје од кое се добива силно бело вино со полно тело и афинитет кон зреење, позната под синонимот Traminer, кај нас препознатлива како Траминец.
Ова вино како аперитив, разладено на околу 9-13 C е добро надополнување на лесни сирења од типот на Brie, разни типови на Spring rolls или во пар со димен лосос. Добар придружник е на кремести рижота со зеленчук, но воедно одлично се справува и со зачинета азиска храна.
За тие што сакаат да експериметираат, ова е одлично вино, доколку сметате дека аромите доминираат во однос на киселините одете со пониската температура на сервирање и обратно, послужете на повисока температура доколку сметате дека киселините доминираат во однос на аромите. www.eBar.mk
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |