Вековниот предизвик како да се избегнат непријатните ароми (TCA) од плутената тапа врз ароматскиот профил на виното се чини дека е пред решение. Студија спроведена од l’Institut Scientique de la Vigne et du Vin (ISVV) во Бордо, наводно, покажала дека подолгото потопување на пластична фолија во вино е во состојба да отстрани до 82% од молекулите на ТЦА - трихлороанисол (TCA - 2,4,6-trichloroanisole).
За жал, типот на пластичната фолија е мошне специфичен. Професорот Пјер-Луис Теисдре од ISVV, за Витисфер изјави: „Не користевме стандардна кујнски фолија, туку мешавина на синтетички полимери сертифицирани за домашна употреба“, сепак не откри каква е точно и дали е комерцијално достапена наведената фолија. Во студијата, истражувачите експериментираа со три црвени вина од 2013 година, мешавина од 70% Каберне Совињон и 30% Мерло одлежани во барик 24 месеци. На виното од првото буре беше додадено 1 ng / l TCA, во второто со 3ng / l и третото со 9ng / l. Влијанието на ТЦА од плутената тапа обично се забележува од 1,5ng / l до 3ng / l, што го прави едвам забележливо во првото вино , додека третото мошне интензивно. Парчиња од фолијата се додаваа во секое вино и се правеа тестови каде фолијата беше во контакт со виното осум часа. Во оваа фаза беше откриено дека пластичната фолија врзала 47% до 57% од молекулите на TCA. Понатаму, концентрацијата на TCA паднала во просек од 74% до 82% за 24 часа контакт со фолијата. како и до 48 часа контакт , во кои точки понатамошните примероци биле однесени на анализа. Употребата на пластичната фолија што ја користеле истражувачите значително не влијаела на „конвенционалните енолошки параметри (pH, густина, алкохол, вкупна и испарлива киселост, сооднос глукоза / фруктоза, содржина на јаболчна млечна и винска киселина), ниту на бојата или содржината на вкупните фенолни соединенија и вкупните танини во третираните вина, без оглед на времетраењето на третманот “. Меѓутоа, по 24 часа, забележано е „мало зголемување“ на антоцијанините (поврзани со бојата на виното) во бурињата еден и три. Повеќе за овој текст тука
0 Comments
Leave a Reply. |