За првпат во нашата земја а и пошироко во регионот, ќе се започне со онлајн вински дегустации и обуки."Продолжуваме онлајн!" е информативната порака со која Македонската Асоцијација на Сомелиери - МАСОМ ги повикува сите заинтерсирани, професионалци и вински ентузијасти, да се запознаат со светот на вината. Обуките ги спроведуваат сертифицирани едукатори од браншата, а се предвидени неколку нивоа на сомелиерски обуки, стручни тематски предавања и дегустации (masterclass) за вината и винските сорти во светот, како и воведни вебинари кои ќе им понудат на винските консументи можност да се запознаат повеќе со вината и секако да ги вкусат. "Ние во МАСОМ секогаш ја гледаме чашата половина полна, дури и во период на пандемија. Сметаме дека намалените активности во угостителскиот и туристички сектор отворија голем празен простор кој е секогаш добро да се пополни со едукација. За таа цел подготвивме винска дегустациска кутија со која испаќаме мостри на вина до кандидатите, потребни за следенње на онлајн предавањата. Во суштина не измисливме ништо ново, само се прилагодуваме и ги следиме светските вински трендови. Генерално винските експерти во светот за ваквиот начин на едукација имаат позитивни критики. Оние кандидати кои ќе успеат да ја развијат страста за едукација, никогаш нема да престанат да растат" - изјавија од МАСОМ. Првата обука од ваков тип е закажана за 12 Јануари 2021 која низ четири последователни интерактивни вебинари, во времетраење од по 3 часа ќе се спроведе на ZOOM платформата. Кандидатите кои успшено ќе го положат испитот ќе се стекнат со сертификат издаден од страна на Македонската Асоцијација на Сомелиери. Сертификатите се на англиски јазик во склад со праксата на меѓународната организација на сомелиери. Повеќе информации за обуката ТУКА
1 Comment
Goran
23/12/2020 02:13:04 pm
samething good from you ...
Reply
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |