Македонската винска сцена се сели во Охрид. Мал чекор за винарниците, но голем за македонското вино. Во организација на Македонската Асоцијација на Сомелиери - МАСОМ на 10ти Август (Сабота) со почеток во 18:00 часот ќе се оддржи вински настан во ресторанот Канео каде дел од македонските винарници ќе ги претстават своите вина на домашните и странските туристи. Она што е ново за Охрид е тоа што за прв пат вакво претставување ќе се спроведе во сомелиерски манир, како што доликува на македонските вина. Имено гостите ќе имаат можност преку симболична влезница да дегустираат 100на вина по свој сопствен избор, од квалитетни до вина од премиум сегментот, правилно послужени, како и да слушнат повеќе околу карактеристиките, сортите и македонските виногорја. Секако, не случајно е одбран и ресторанот Канео, кој патем широкоградо го прифати овој проект. Да се размислува "надвор од кутијата" е предизвик, но и нешто што ја води гастрономијата напред, Во тоа светло и ќе се претстави тимот на Канео кој е задолжен за гастрономскиот дел. Настанот е насловен "Вински Тераси - Охрид" , со цел да се потенцира тесната врска помеѓу "лозовите тераси" како микролокации од каде најчесто доаѓа најкавлитетното винско грозје до "винските тераси" од сегментот на ресторатерството и хотелиерството каде тие вина треба да се понудат на посетителите во туристичките дестинации на соодветен, правилен начин. "Вакви вински настани треба да станат традиција по нашите туристички места. Претставувањето на македонското вино на странските пазари треба да го ставиме во еквилибриум со домашниот пазар, особено во туристичките оази како што е Охрид. Гастрономијата пак да ја насочиме кон традиционалната кујна комбинирана со модерни техники. Имаме што да понудиме, а треба и многу да се работи !" - изјавија од МАСОМ.
Информации околу влезници ТУКА
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |