"Во Македонија победи винската револуција, сега започнува периодот кога треба да се сумираат резултатите од од таа победа" истакна Каролин Гилби на нејзиниот мастерклас кој се одржа во Копенхаген - Данска минатата недела во организација на здружението Вина на Македонија. Ангажирањето на врвниот светски вински експерт за југоисточна Европа, Каролајн Гилби, беше прокоментирано од многубројната публика како вистински погодок, со кој црвените македонски вина добија дополнителна димензија и заслужено внимание.
"Денеска можеме да сретнеме наоколу многу вина, без разлика дали се со послаб и моќен интензитет, како се обидуваат да ги копираат изворните оргинали, но Македонија има сосема друга приказна да раскаже, особено со Вранецот и Кратошијата" - истакна Калолајн Гилби. На предавањето се анализираа и дегустираа вината на винариите Lazar , Popov , Tikveš , Stobi , Dalvina , Bovin и Kamnik
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |