Љубителите на вината од сортата Вранец од оваа година можат да го обележат во календарите или бележниците датумот 5 Октомври како ден за празнување и славење на оваа масовно засадена винска сорта во Македонија во изминативе декади. Првиот „Светски ден на Вранецот“ ќе се одржи во Скопје на 5 октомври 2019 година во Double Tree by Hilton Hotel, во организација на Здружението „Вина од Македонија“, во соработка со производителите на оваа сорта од Македонија и од регионот. Целта на овој настан е да се потенцира важноста на локалните сорти, да се поддржат напорите на локалните винарии за зачувување на винскиот идентитет на Македонија и да се зајакне свеста на потрошувачите ширум светот за вината кои доаѓаат од Македонија. Светскиот ден на Вранец, истотака, ќе ја зголеми препознатливоста на Македонија како винска земја на меѓународно ниво. „Развивањето и промовирањето на категоријата “Македонско вино” преку најважната сорта Вранец, на интернационалните пазари ќе ја подобри и прошири позицијата на Македонија како земја која произведува вина со висок квалитет. Виното е еден од ретките домашни производи преку кој се извезува македонски бренд и преку кој со гордост се претставува земјата на странските пазари„ изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, Извршен директор на Здружението Вина од Македонија. Вредноста на настанот се потврдува со пристигнувањето на неколку експерти за вино Master of Wines и новинари за вино од светот како што се: Caroline Gilby, Peter McCombie, Darrel Jospeh, како и познати вински новинари и блогери од регионот. „Светскиот ден на Вранецот“ треба да биде рамо до рамо со другите меѓународни денови кога се слават и другите сорти низ целиот свет. Трендот на одбележување на одредена сорта во последната деценија се покажа како многу корисен, особено поради неговото позиционирање на меѓународниот пазар и зголемената продажба на „прославено“ вино. Овој настан ќе го зголеми признавањето на Балканот како вински регион и ќе ја отвори вратата за другите сорти на вино. Од друга страна, ќе има забрзан развој на лозарството и производство на вино во насока на експоненцијален раст на квалитетот на грозјето и виното и развој на органското производство исто така„ изјави Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на Здружението Вина од Македонија. Успехот на Вранацот во последните години на меѓународните натпревари за вино е евидентен, но за жал оваа сорта сè уште не е доволно позната во поширокиот вински свет.
Треба да работиме заедно за да ја промовираме оваа сорта, што е всушност предводинк на Македонија и регионот. Идејата е да се привлече вниманието кон Македонија и регионот и потенцијалот што го има. Очекуваме дека следната година овој ден ќе се слави и во другите балкански земји и потоа заедно ќе организираме промоции во светските престолнини, така што експертска винска јавност и крајните потрошувачи ќе имаат можност да се запознаат со нашите вина. Паралелно, ќе ги утврдиме придобивките од целиот регион, како и заедничките настапи на одредени саеми и дегустации. Здружението Вина од Македонија е основано во 2010 година и во досегашниот период интензивно работи на промоција на македонско вино во интернационални рамки. Сега е и иницијатор и основач на Балканската винска мрежа која својата промоција во јавноста ќе ја реализира на 04. Октомври во Скопје.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |