Советот на општина Кавадарци едногласно ја усвои одлуката за ко-финансирање на регионален проект за инсталирање на мерни станици за смарт земјоделско производство. Вкупната проценета вредност на регионалниот проект изнесува 10. 000. 000 денари со вклучен ДДВ. Средствата во износ од 9. 000. 000 денари ќе се обезбедат од Биро за регионален развој, а останатите 1. 000. 000 денари ќе се обезбедат од другите општини Кавадарци, Росоман, Неготино и Демир Капија. Ко-финансирањето на општина Кавадарци е во висина од 450.000 денари за поставување на 18 мерни станици, и ќе се обезбедат од Буџетот на општина Кавадарци за 2021 година. Со поставување на мерните станици ќе се овозможи електронски мониторинг на атмосферските влијанија врз земјоделско обработливите површни на територијата на општина Кавадарци, односно на лозово-овоштарските насади.
Мерните станици ќе даваат точни информации за влажност на воздухот, сончевите денови во годината, количеството на врнежи, степенот на температурни осцилации, како и ред други податоци кои ќе се акумулираат електронски со посебен софтвер со што значително ќе може да се предвиди третманот на лозаро-овоштарските насади, а тоа ќе допринесе кон намален трошок за третирање на самите лозови насади со пестициди а во исто време зголемен принос со значително зајакнет квалитет на производите. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев на денешната 51 седница на советот информира дека со инсталирањето на вакви станици земјоделците ќе добијат можност за квалитетна и економична заштита на земјоделските култури. „Земјоделците ќе добиваат информации за временските услови и совети кога е вистинско време да вршат заштита на земјоделските култури од болести и штетници. Вакви мерни станици веќе има поставено компанијата „Гоце Делечв“ и во местата каде се поставени има заштеда во пестициди од околу 30-40%. Со овој проект ќе се користат помалку препарати, а ефектот ќе биде многу поголем.“ рече Јанчев. Превземено од КТВ Автор: Ангел Данов За бенефитите од ваквиот пристап потврдуваат и од винарската визба Тиквеш,. Во 2019 година е воспоставен комплексен дигитален систем на следење не само на климатските услови преку десетина мерни станици, туку и почвените карактеристики, и имплементирање на Dyostem системот за следење на зрелост на грозјето како помош при дефинирање на идеалните услови за берба со цел да се задржи природниот баланс и достигне саканиот квалитет и стил на виното.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |