Вчерашниот настан кој го организраше скопската винарница Сковин ги разјасни дилемите околу едногодишните шпекулации за иднината на оваа релативно млада винарница. Настанот беше оддржан во пријатна атмосфера на терасата од винскиот ресторан Форца, најавен како коктел - After Work. Сепак "крунските" протоколи се повеќе ги претвораат овие настани во "винска седенка" што се покажа и не така лошо со олед дека гостите имаа подобра прилика во мир да разговараат на темата вино. На настанот беше претставен дел од портфолиото на Сковин: Сковин Пенливо Брут (традиционална метода), Темјаника, Розе Канина, Шардоне Барик, како и новото сортно вино Кратошија која го привлече внимамието на гостите со заводливата овошна ароматика. Како специјалитет на "куќата" беше понуден Вранец Марков Манастир 2011 кој за своите сериозни години покажа силен младешки дух. Секако, сето тоа следено со широк избор на внимателно избрана храна. Во една лежерна атмосфера гостите имаа прилика да ја почувствуваат новата енергија на Сковин која ја донесе засилувањето во раководната структура. Се слушнаа многу планови и желби, од ребрендирање, проширување на лозовиот асортимент, нови производни линии па се до развивање на винскиот туризам, каде пред се скопјани ќе добијат уште една хедонистичка точка на јужните падини на Водно. "Само да помине коронава !" Сега веќе и официјално беше објавено дека новите сопственици се 100% странска инвестиција. Странската компанијата нема други винарии во своето портфолио како и искуство во винската индустрија, но во повардарието гледаат голем потенцијал како и голема верба во кадарот на кој му се дадени одврзани раце да го изведе Сковин од имиџот во кој западна последните години, што претставува сериозен предизвик за раководството на Сковин. Ова е втора странска инвестиција после словенскиот Пуклавец што претставува показател за потенцијалот на повардарието, негова препознатливост како и понатамошно развивање. Сепак, тоа го отвара прашањето за апелациите кое треба час поскоро да се регулира во насока да се дефинира и гарантира квалитетот на македонското вино, со што би се канализирале ваквите инвестиции придружувајќи се кон останатите домашни винарници во нагорна насока на развивање на македонскиот вински регион.
За винарницата Сковин "шоуто" мора да продолжи. Посакуваме успех и уште едно добредојде на македонската винска сцена. Hz
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk GrandVin 2025
REGISTRATION OPENED
Early Booking Offer
[email protected] WINE COURSES
click on image past event
TASTE OF AWARDS past event
VRANÆC WORLD DAY |