Поништени 23 сертификати за "Мастер Сомелиер" добиени на последниот испит годинава Завршниот испит за мастер сомелиер се смета "за најтешкиот тест за кој воопшто сте чуле". Од 1969 година наваму, само 274 кандидати ширум светот успеале да го положат овој исцрпувачки испит, за кој се потребни неколку години а понекогаш и декади поминати во изучување на вината. Поради тежината но овој испит снимен е и филм кој наскоро ќе ја дочека и премиерата на неговото трето продолжение. За професионалците на винскиот сервис полагањето на овој испит претствува круна во кариерата. Оваа година 24 кандидати успешно го положија овој испит стекнувајќи се со право да ја додадат престижната кратенка "MS" до своето име.
За жал известувањето кое пристигна од надворешниот законски совет укажа на неправилности при кој посочи дека еден од членовите на Court of Master Sommeliers (CMS), објавил доверливи информации поврзани со испитните прашања пред испитот. Тоа доведе до поништување на 23 сертификати. Единствен од класата 2018 Морган Харис го задржа сертификатот поради што дел од спорниот испит го имаше положено претходната година, при што изјави: "За мене кој се стекнав со престижниот сертификат на чесен начин, целата оваа ситуација претставува неверојатно разочарувње." Се поставува прашањето дали исцрпувачките подготовки за ваков испит каде во рок од 25 минути треба да се погодат: сортата, регионот и бербата на флајт од шест рандом вина при темна дегустација, кои можат да бидат од било кој регион на земјината топка, има воопшто некаков смисол, доколку иамаме предвид дека со староста се намалува перцепцијата на нашите сетила ? Или пак е многу повеќе важно искуството на терен , тежнеењето и афинитетот кон постојаното изучување на виното вклучувајќи ги и факторите кои влијаат на неговиот квалитет.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk GrandVin 2025
REGISTRATION OPENED
Early Booking Offer
[email protected] WINE COURSES
click on image past event
TASTE OF AWARDS past event
VRANÆC WORLD DAY |