Меѓународен вински натпревар посветен на розеата. Абруцо - Италија 2021 За прв пат во својата историја, во 2021 година Concours Mondial de Bruxelles ќе организира
натпревар дизајниран исклучиво за розе вината. Со одржување на настанот пред почетокот на пролетта, целта е да се обезбеди ефективен одговор на потребите на пазарите и на растечкиот тренд што го покажаа потрошувачите, токму за розе вината. Организаторот ќе им обезбеди на наградените производители алатки за промоција и маркетинг веднаш штом вината се пуштаат во продажба. Секоја година, раната судиска сесија се одвива во различен вински регион. Натпреварот ќе се одржи од 4-6 март 2021 во регионот Абруцо во Италија. Настанот не е само дизајниран како евалуација на розе вината туку и како платформа за дијалог и споделување идеи со фокус на овој стил на вина. Независна уредничка група ќе биде ангажирана да пишува и објавува редовни написи за розе вината од целиот свет. Розе тренд Помеѓу 2002 и 2018 година, глобалната потрошувачка на розе вино се зголеми од 18,3 милиони хектолитри на 26 милиони, што претставува бран од скоро 40%. Земјите од западна Европа и САД се најголемите потрошувачи на розе во светот. Имајќи ги предвид овие бројки, не е многу зачудувачки што розевиот бран го потпомогна севкупниот раст на потрошувачката на мирни вина во 2018 година. Трендот се совпаѓа со метеорскиот пораст на побарувачката генерално кај милениумците, кои како потрошувачка публика се во постојан раст. Во САД, овие 80 милиони млади возрасни лица го поттикнаа растот на извозот на француско розе за 30% во десет години. Сличен тренд се случи во Кина, дом на скоро 365 милиони милениумци, каде увозот на розе е двојно зголемен за една деценија. Оваа популарност и подобрениот квалитет, даде јасен сигнал дека розевите вина веќе не се во сенка на белите и црвените вина. Токму проади овие причини Concours Mondial de Bruxelles има за цел да им даде на розевите вина внимание што го заслужуваат во глобалната арена. Кои стилови на розе? Нема дискриминација, за сите мирни, пенливи и полу-пенливи розе вина заедно со ликерните (зајакнати) розеви вина се добредојдени. Крајниот рок за учество на овој розев натпревар е 18 февруари 2021 година. Покрај традиционалните златни и сребрени медали, посебна награда ќе им биде доделена на следните категории: - Мирно розево вино Откровение - Пенливо розе вино Откровение - Средно суво розе вино Откровение - Слатко розе вино Откровение - Органско розе вино Откровение Резултатите од натпреварот ќе бидат објавени во четврток, 11 март 2021 година. Регистрација тука
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |