По се изгледа дека и ние возрасните добивме свој "Дизниленд". Имено на брегот од реката Гарон во Бордо на 01 Јуни 2016, после седумгодишна изградба на еден од најголемите светски вински проекти, ќе се отвори винскиот центар La Cité du Vin. Во него ќе биде сместен постојан Светски Вински Саем. Посетителите ќе може да уживаат во 20 тематски подрачја на 10 катови. Комплексот е вреден 91 милион американски долари, а пристапот на вината е навистина спектакуларен. Салите за презентација и работилници се со капацитет од 250 посетители. Не е заборавена ниту симулацијата на возење со брод со цел да се прикажат условите во кои трговците во минатото ги транспортирале вината и го откривале Новиот Свет. Без разлика на класичните туристички атракции, содржините во La Cité du Vin фокусирани се на винските дегустации кои ќе бидат во постојана понуда, водени од професиналци, низ две нивоа, со панорамски салони, ресторан, тапас бар и винотека со вина од преку 80 земји. Архитектите Anouk Legendre и Nicolas Desmazières од париското студио XTU се потписниците на овој проект со кој воедно успеаа да ги покријат сите аспекти на соживот со виното, така што гостите имаат на располагање оддели за мамурлак со гооолеми фотељи во кои може да одморат од дегустацијата и доколку се баш вински мазохисти да ги слушаат славните приказни за опивањето до новата дегустација.
Формата на музеот потсетува на движењето на виното кога се налева во чашата. Фасадата е 55 метри висока, склоп од слап злато, алуминум и стакло во боја на шампањ. Во делот посветен на сензорните доживувања на виното се сместени подвижни сценографии, 3D слики и просторот е исполнет со специфични ароми на вино.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk WINE COURSES
click on image past event
TASTE OF AWARDS past event
VRANÆC WORLD DAY |