Расположени сте за џез музика, врвно вино и вкусна храна? Тогаш подгответе се за едно извонредно искуство во живописниот пејсаж на винаријата Шато Сопот, во срцето на Велешкиот вински регион За крајот на гроздоберот, оваа среда, на 9ти октомври од 17 до 23 часот, џез ноти ќе потскокнуваат меѓу винските лози и ќе го разубавуваат расположението на сите кои ќе уживаат во дегустација на вина во рустичниот и уникатен стил кој го нуди винаријата. Со оваа несекојдневна манифестација за прв пат на ваков начин ќе се одбележи крајот на гроздоберот во живописниот пејсаж на винаријата Шато Сопот, во срцето на Велешкото виногорје.
Гостите ќе можат да уживаат во некои од најквалитетните вина во рустичниот и уникатен стил кој го нуди винарницата, сите вина по специјална цена за настанот, а вино на настанот ќе биде Каберне совињон Резерва 2014. Ова вино е направено од грозје од сортата Каберне совињон од сопственото лозје на Шато Сопот, Велешко виногорје, во долината на Вардар. Комплексно, со полно тело, меки зрели танини и богати овошни вкусови. Настапите на џез групите Традаванда квартет, Оливер Јосифовски квартет и Тумбао Салса Бенд под водството на Петар Ренџов, ќе бидат надополнети со врвната еногастрономска понуда на Шато Сопот. Традаванда Квартет Трајче Илиевски – гитара Давид Скерлевски – клавијатури Андреа Мирческа – контрабас Дамјан Грујо – тапани Млади инструменталисти, студенти од катедрата за популарни жанрови при Факултетот за музичка уметност од Скопје кои пукаат од енергија и ентузијазам на сцена. Репертоарот вклучува џез стандарди од свинг и бибоп ерата, звуци од 30-тите и 40-тите години на минатиот век. Оливер Јосифовски Квартет Оливер Јосифовски – контрабас Лина Авшар – вокал Филип Димишковски – клавијатури АлександарЏигерВанчовски – тапани Квартет на извонредниот Оливер Јосифовски, популарниот музичар на контрабас и основач на групата Љубојна. Го придружуваат фантастичната Лина Авшар, позната по нејзиниот моќен глас, како и по нејзините интерпретации на фанк-соул-џез стандарди и современа популарна музика, клавијатуристот Филип Димишковски, најдобар млад џез музичар за 2018 година и Александар Џигер Ванчовски на тапани. Тумба салса бенд Петар Ренџов- гитара Сенад Усеин – труба Ставре Ставрев –тапани Горан Гешовски – бас Кирил Кузманов – саксофон Анче Наумовска – вокал Мартина Христовска – вокал Дамир Имери – пијано Сашко Николовски – тромбон Арсо Јаневски – перкусии Тумбао Салса Бенд е носител на стилот – Латинџез кој успешно го имплементира вo традиционалната македонска музика и фолклор
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk GrandVin 2025
REGISTRATION OPENED
Early Booking Offer
[email protected] WINE COURSES
click on image past event
TASTE OF AWARDS past event
VRANÆC WORLD DAY |