Jägermeister во минатото имаше доминантна позиција во ноќните клубови и барови. Во 2008 година го достигна својот врв, само во САД достигна потрошувачка од неверојатни 2,9 милиони пакети (извор: Impact Databank). Jägershot едноставно претставуваше синоним на ноќните забави до раните утрински часови . Со "котел револуцијата" во 2009 позицијата на Jägermeister заочна полека да се менува. Неговите фанови полека започнаа да ги спуштаат своите Jägershots чашки и се повеќе отпочнаа со кревање на неговите коктели како клучен дел од нивнато ноќно искачање. Во исто време, на пазарот се понудија многу опции на слични пијалоци, како што е огнената топка со вкус на виски Jack Daniels Tennessee Honey, Jim Beam Red Stag, Crown Royal Maple што до 2012 година влијаеше на продажбата на Jägermeister од 3,2%. Во 2012 година брендот започна да ја покажува својата улога во миксологијата на Берлинското Бар Шоу во коктел лабораторија на легендарниот бартендер Гери Реган. Кон средината на 2013 година, Jägermeister беше домаќин на големо коктел спарување во Tales of the Cocktail со национално признати бармени Willy Shine, Sean Kenyon, Ivy Mix, Sean Hoard, и Todd Richman. Од неодамна Jägermeister го превзема следниот логичен чекор со проширувањето на нивната линија преку посебената сезонска верзија на нивниот популарен ликер, Jägermeister Spice. Jägermeister Spice (25% ABV, 50 proof 23.00 eur) - е со посветла боја од стандардниот Jägermeister. За негова изработка се користат истите состојки но во прилично различен сооднос. Во споредба со Jägermeister каде се преплетуваат коренести ароми и арома на сладунец, кај Spice иако далеку во позадина како базна арома се појавува сладунецот остава простор за доминација на комплексен дел од печени зачински ароми водени со арома на цимет, ванила, црн бибер, ѓумбир, каранфилче. Ароми кои не подсеќаат на празничнен колач.
Jägermeister Spice е за 10% abv послаб во содржината на алкохол од традиционалниот Jägermeister кој се чувствува на носост со што овозможува полесен пристап до комплексните ароми. Секако тоа се чувствува и на непцето и за разлика од традиционалниот е со помек вкус и послабо тело. Послевкусот е со среден интензитет и доминација на ванила, цимет и бадем.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |