Неодамна одржаната четврта едиција на настнот Гранд Вин 2022, им понуди на гостите неколку промоции на нови македонски вина, помеѓу кои имаше високо наградени и некој архивски вина. И оваа година настанот се оддржа во елитниот Руф Бар 55 на хотелот Хилтон, Скопје. Организаторот на настанот МАСОМ – Македонска Асоцијација на Сомелиери, на самиот почеток, свечено подели сертификати и значки на новите членови кои успешно ја положија винската обука и со тоа официјално зачекорија во винскиот свет. Мошне абициозно, за време на настанот беа презентирани селектирани вина од македонските винарници, со што самите гости добија вински водич кон вината кои не би требало да се пропуштат да се вкусат. На настанот беа издвоени следните вина:
Шато Плоштово Пино Блан 2020, нова винарија во соседство на познатата микролокација Барово и во моментов единствена винарија која во својата понуда нуди вино од оваа сорта. Повисоката надморска висина и вулканската почва го потпишаа ова вино како освежително, овошно со траги на минералност. Попов Фуме Блан 2021, ново вино во понудата на винарницата Попов. Вино со одличен баланс, повеќе слојно, со кремаста текстура. Вино од кое се очекуваат сериозни награди. Тиквешовиот Домен Лепово Шардоне 2021 (спонтано ферментиран), е засилување на печатот на тероарот во виното. Амбиенталните квасци на леповското грозје даваат поголема ширина и интензитет на вкусот на зрели агруми и тропско овошје, полно тело и долга слатко-зачинска завршница. На настанот ексклузивно се промовираа и некој ретки, архивски вина како Пуклавец Фурминт 1971 и Стоби Вранец Веритас 2011. “Елоквентни” вина со кои можете да “разговарате”, додека полетниот десетгодишен Вранец, во топ форма да истрча уште една декада. Од црвените новитети беа за првпат претставени Шато Сопот Ридот 2015 (Каберне голема резерва), редизајнираниот Бовин Дисан Вранец Барик 2019, како и новата Венец Кратошија 2020 (стара лоза) и добро познатата голема бордошка купажа Лазар Алшар 2016. Сите комплексни, раскошни, со топли алкохоли, моќни со долга завршница. Шато Камник Херитеџ 2019, голема резерва од сортата Каберне, вино за поколенијата кои доаѓаат, низ кое може да се се примети лесно наговестување на промена на стилот на оваа винарница или пак е тоа само експресија на поднебјето Војница (велешко виногорје), лозов насад кој неодамна премина и официјално во сопственост на оваа винарија, предодреден за супер-премиум вина. Од високо наградените вина издвоени беа платинестиот Вранец Дарк Хорс барик 2020 на малиот вински подрум со големо срце Попови, кој освои 96 поени на овогодинешниот Опен Балкан Трофи, како и минатогодишниот добитник на признание за најдобро црвено вино на Балканот (BIWC21) Брзанов Артисан Сира 2016, за оваа прилика во Магнум лимитирана серија. Посетителите на крајот имаа прилика да се засладат “en primeur”, со ретката македонска фортифицирана купажа на Вранец и Кратошија, Шато Петит Ад Астра 2019, која уште најмалку година дена ќе треба да одмори во шише додека да го види светлото на пазарот. Изборот на вина беше направен од МАСОМ во соработка со винарниците. Додека настанот беше поддржан од Министерство за земјоделие и ВБУ Музички регистар кој го обезбеди гостувањето на John Ilija Apelgren.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |