За прв пат вински настан на кој ќе се презентираат и дегустираат премиум македонски вина. Земја партнер Словенија. Мотото “Помалку е Повеќе” во винскиот свет се однесува на вината од премиум сегментот како и ретките вина кои генерално се произведуваат во мали колични и нудат загарантирано повеќе уживање.
Double Tree by Hilton Skopje – Rooftop Bar е просторот каде на 04 Октомври 2019, петок, со почеток во 17:30 до 23:00 часот, ќе се одржи овој мал, но по својата содржина уникатен настан. Целта на организирање ваков вински настан е преку претставување и дегустација на премиум и ретките вина од домашните винарници да се претстави нивото на развој на винарството и лозарството кај нас, како пред меѓународните критичари така и пред вљубениците на високо квалитетните вина. Одговорното конзумирање е секако составен дел кој секогаш го следи овој сегмент. “Интересот е изненадувачки голем, особено за посета на настанот, иако сегментот на премиум и ретки вина од домашниот вински регион е сеуште во повој. Сеуште имаме недоволен број на винарници кои се решаваат за производство на овој тип на вина и тоа ни причинува потешкотија при обезбедување доволен број на винарници кои би можеле да ги изложат своите бесценети вина. Сепак решивме да пробаме да креираме настан за тие кој веќе произведуваат премиум вина со голема надеж дека овој настан ќе биде потик и за останатите винарници кои би можеле да ни се придружат во годините кои доаѓаат” – изјавија од МАСОМ (Македонска Асоцијација на Сомелиери) Повеќе информации околу настанот на следниот линк: http://www.masom.net/grandvin.html За онлајн влезници кликнете тука
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |