Најголемиот меѓународен вински натпревар, воедно и најзначаен за винските региони од југоисточна Европа ја започнува втората декада на постоење По љубилејното десето издание на балканскиот интернационален вински натпревар, кој се одржа лани 2021 во Скопје во соработка со Асоцијацијата "Вина од Македонија", ја отпочнува својата втора деценија на постоење организирајќи го своето единаесетото издание на островот Саламина во Грција. Овој вински натпревар кој од година во година зема се поголем замав во промовирање на вината и виногорјата од југоисточна Европа, ќе се оддржи од 01 до 03 Јуни 2022, додека стучното жири кое е составено од реномирани меѓународни вински експерти и критичари ќе има повторно тешка и одговорна задача да ги процени вината од новите берби. Со речиси 18 милиони хектолитри вино годишно, Балканот е петти по големина во светот, веднаш зад најголемите производители на вино - Италија, Франција, Шпанија и САД. Балканскиот меѓународен вински натпревар е настан кој ја обединува светската винска елита да го види, вкуси и открие богатството и разликите на балканските вина. Винскиот фестивал кој е составен дел од овој настан, традиционално ќе се оддржи во Софија од 16 до 18 Јуни 2022 каде посетителите ќе имаат можност да го вкусат "Винскиот Балкан" и каде воедно ќе се објават резултатите и доделат пригодни признанија на винарниците учесници на натпреварот претходно одржан во Саламина - Грција. Пријавувањето на учесниците на овој настан е во тек, а за тие кои ќе се пријават до 15 Април 2022 организторот обезбедува одредени поволности. Early Registration – Balkans International Wine Competition and Festival (balkanswine.eu)
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |