Во организација на здружението Вина од Македонија на 09 Мај 2023 година, со почеток во 11:00 часот во М6 Едукативен Центар - Скопје, ќе се одржи конференција на тема „Органска трансформација – предизвици и потенцијали“. Oваа конференција е дел од активностите на проектот: „Географска индикација за производство на вино во Република Северна Македонија“ со цел зајакнување на техничкиот и организацискиот капацитет на винскиот сектор за воспоставување функционален систем за географска индикација во Република Северна Македонија, заеднички имплементиран од винаријата Тиквеш АД Кавадарци, Здружението Вина на Македонија и Германското друштво за меѓународна соработка (Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ). На конференцијата својата експертиза и искуство ќе ја споделат истакнати говорници како Кристина Микелони, координатор на Научниот одбор при Италијанската асоцијација за органско земјоделство, како и Џовани Бигот, основач на институтот Прелеуве од Италија. Покрај нивните излагања, предвидена е и панел дискусија на која претставниците на македоснкиот вински сектор ќе ги споделат нивните искуства и добри практики во процесот на органско производство на грозје и вино. Дискусијата ќе обезбеди вредни информации за сите кои започнуваат или размислуваат за органска трансформација на нивните лозови насади и производството на вино особено со најавата за измените на законот за вино кои регулираат и органско производство.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk GrandVin 2025
REGISTRATION OPENED
Early Booking Offer
[email protected] WINE COURSES
click on image past event
TASTE OF AWARDS past event
VRANÆC WORLD DAY |