На 3-ти јуни ќе се одржи третиот "Фестивал на биодиверзитетот" На 3 јуни (сабота), од пладне до вечер, (12- 20ч), во Паркот на Франкофонијата во Скопје, по 3-ти пат ќе се случува Фестивал на биодиверзитет: Коктел на вкусови. Слоу фуд Македонија во своите редови ги има најдобрите производители кои ја бранат агендата поврзана со автентичната храна: ќе има околу 40 изложувачи од цела Македонија, од кои 21 од Скопје. Овој пазар за храна на локалните производители вклучува и презентации, алкохолни, вински и пивски дегустации и секако- убаво дружење цел ден во најубавиот дел на Паркот на франкофонијата. ПРОГРАМА 12.00 -20.00ч- Изложбен и продажен настан на четириесет локални производители на храна, вино, пиво и алкохолни пијалоци 13.00-13.15ч – Официјални обраќања на настанот 14.00-16.00 ч- Детско катче со работилница од програмата на проектот Училишни градини на Слоу Фуд 16.00-17.00 ч- Претставување на крафт пиварии 17.00-20.00ч- Најдобрите коктел мајстори приговуваат коктели од пијалоци на локалните производители Фестивалот го организира Слоу Фуд Водно со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk GrandVin 2025
REGISTRATION OPENED
Early Booking Offer
[email protected] WINE COURSES
click on image past event
TASTE OF AWARDS past event
VRANÆC WORLD DAY |