Членови на здружението „Ж'та“ од Кавадарци со награди за ракија на меѓународен натпревар во Србија18/5/2023 Членови на здружението „Ж'та“ од Кавадарци, освоија награди за квалитетно произведена ракија на меѓународен натпревар во Србија, информираше Панче Арсовски, претседател на здружението. Членови на здружението „Ж'та“ од Кавадарци, освоија награди за квалитетно произведена ракија на меѓународен натпревар во Србија, информираше вечерва Панче Арсовски, претседател на здружението. По повод учество на меѓународен натпревар кој се одржуваше во Кикинда, Војводина, Република Србија, наша делегација од здруженијата на индивидуални производители и мали семејни бизниси, „Ж'та“ и „Винотек“, со поддршка од Општина Кавадарци, беа учесници и почесни гости на домаќините. Членови на здружението на мали дестилерии „Ж'та“, освоија прво и второ место во лозова ракија, златна награда во производство на „вилјамовка“ и трето место во севкупен пласман, појасни Арсовски. Тој потсети дека за неколку дена, на 24 мај, го организираат фестивалот „Ракијада Тиквешија 2023“, во Вински музеј Кавадарци. Превземено од: МИА
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk GRAND VIN
SPRING WINE SALON 28 March 2026 WINE COURSES
click on image TASTE of AWARDS
03 October 2025 Hotel Marriott 18:30 - 23:00 VRANEC WINE SALON
04 October 2025 Museum of Contemporary Art 20:00 |
RSS Feed