Прв мастерклас за македонските вина од сортата Вранец во Лондон, во центарот на светската винска едукација, седиштето на престижната институција WSET (Wine & Spirits Education Trust) UK. На 16 Април 2020 (четврток) во 18:30 ќе се одржи за првпат мастерклас посветен на македонските вина од сортата Вранец во седиштето на WSET – 39-45 Bermondsey, London SE1 3XF WSET - Wines & Spirits Education Trust се смета за инфлуентна институција од светски рамки која се занимава со професионална едукација на сите профили поврзани со вината и јаките алкохолни пијалоци во светот. Преку 700 провајдери (школи) ширум светот се дел од WSET мрежата кои работат по унифицирана програма веќе 50 години. За жал, нашиот вински регион и вина сеуште не се дел од едукативнта програма на WSET. Нивниот влез во тој едукативен програм може драматично да го задвижи развојот на регионот и квалитетот на вината во нагорна линија, осбено што едукативната промоција би се спровела ширум светот низ повеќе од 700 WSET школи. Одржување на вакво предавање поддржано од WSET и Lyidia Harrison MW е само позитивен сигнал. Сепак, на нас е да продолжиме истрајно да работиме во таа насока. Детали за настанот: Vranec - untamed temper of the south
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |