Преку фундаментално запознавање со вина и јаки алкохолни пијалоци или скратено [ЈАП], до врвни професионални обуки, "Вински Едукатор" на винаријата Тиквеш се очекува да постави нови вредности во угостителството, туризмот и винската индустрија. Конечно едукативниот труст за вино и жестоки пијалоци WSET (Wine & Spirits Education Trust) од Обединетото Кралство на својот љубилеј, педесет години од сопственото основање, ги отпочнува своите активности во Македонија. Едукативниот програм ќе го спроведува "Вински Едукатор" кој претставува едукативно тело на винаријата Тиквеш. Повеќе WSET сертифицирани предавачи од земјата и странство ќе ги водат предавањата на половина век искусната реномирана институција WSET. Но, покрај WSET обуките планирани се и други интернационално признати обуки со што се води сметка да се покријат со едукација сите аспекти од оваа индустрија.
Се чини дека полека сложувалката, развој на македонскиот вински регион добива форма. Очекувањата се во насока граѓаните да добијат подабар сервис во угостителството, да се изнајдат одговори на прашањата во винскиот туризам и секако побарувањето на пазарот да го охрабри зголемувањето на производството во премиум сегментот. Во иста насока се и очекувањата за развој на гастрономијата. Со оглед дека овие две гранки се надополнуваат, суштински важно е да не го изгубат меѓусебниот чекор. Повеќе за Wine Educator www.wineeducator.eu ; www.wineeducator.mk
3 Comments
Robert Kostoski
11/2/2019 05:53:01 pm
Добар ден.
Reply
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk GrandVin 2025
REGISTRATION OPENED
Early Booking Offer
[email protected] WINE COURSES
click on image past event
TASTE OF AWARDS past event
VRANÆC WORLD DAY |