Заблескаа првите медали од меѓународниот натпревар посветен на вината од сортата вранец. Светски популарниот меѓународен вински натпревар “Конкур Мундиал ду Брисел” – Concours Mondial de Bruxelles - CMB и официјално го додаде малиот, нo не и помалку значаен, виолетов скапоцен камен “Vranec Selection” на својата винска круна. На натпреварот кој се одржа минатата недела од 5 до 7 декември во велешкото виногорје, петнаесетина вински критичари, од исто толку земји од светот, преку темна дегустација оценуваа околу стотина вина од сортата вранец. На наптреварот му претходеше мастерклас воден од врвниот експерт за централна и југоисточна Европа, Cаroline Gilby MW, која ги претстави карактеристиките на сортата, винските региони и стилови на вина кои може да се очекуваат на натпреварот. Винските критичари кои ги оценуваа вината беа воодушевени од нивниот квалитет и потенцијалот на сортата вранец што им зададе пријатни потешкотии во изборот на најдобрите вина. Оценувањето се спроведе низ два панела со 7 и 8 оценувачи чии претседатели беа искусните вински критичари Cаroline Gilby MW и Igor Luković. Македонските вранци се здобија со највеќе награди, 19 од вкупно 29 добитници, додека највисоко оценето вино на натпреварот е “Стари подрум 2015” од винаријата Плантаже од Црна Гора, кое воедно е и прогласено за најдобро вино од Црна Гора Останатите прогласени најдобри вина од секоја земја поединечно се: Северна Македонија – Имако Вино Консталејшн Вранец 2020 Хрватска – Винарија Грабовац Вранец Резерва 2016 Србија – Винарија Јовиќ Вранец Потркањски 2019 Косово – Винарија Лаби Буцина Супериоре 2021 За најдобро купажно вино на натпреварот е прогласено Северна Македонија - Шато Камник Куве Престиж 2020 Останатите наградени македонски вина се: Domaine Lepovo Grand Cuvee 2019 Kerem Ad Astra 2019 Domaine Bela Voda Red 2021 Venec Vranec Classic 2020 Wine Cellar Popovi Vranec Disan 2020 Brzanov Artisan Winery Vranec Elixir 2015 Wine Cellar Popovi My Story 2021 Wine Cellar Popovi Dark Horse Vranec Barrique 2020 Bovin Dissan 2019 Domaine Barovo Red 2021 Chateau Kamnik Winemakers Selection Red 2021 Venec Vranec Orle 2020 Movino Konsatntin Vranec 2019 Old School Winery Vranec Todor 2021 Angrostratus Vranec 2021 Kartal Vranec Reserva 2019 Chateau Sopot Vranec Reserve 2018 “Честитки до наградените производители и голема благодарност за останатите учесници на натпреварот. Оценувањето на вината е само дел од програмата на овој настан, тоа е она што го гледаме како “насловна страна”. Сепак, она што се крие во позадина на овој вински настан, е силна светска промоција на нашите вина и виногорја, вклучувајќи го и балканскиот вински полуостров во целина.” – изјави координаторот и иницијатор на настанот Звонко Херцег, Претседател на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ. Здружението Вина од Македонија беше домаќин на овој значаен настан, чиј извршен директор Елена Младеновска Јеленковиќ изјави: “Оваа година го одбележавме љубилејно петиот светски ден на вранецот. Секоја година ја засилуваме промоцијата во светот, како на сортата вранец така и на македонските вина. Можам слободно да кажам дека овој настан е резултат на она што го започнавме пред пет години продолжувајќи континуирано да организираме промотивни дегустации низ светот во склоп на светскиот ден на вранецот. Нашата земја како вински регион со меѓународниот натпревар “Vranec Selection by CMB” доби уште еден силен промотивен пилар. Несебично ги држиме портите отворени за приклучување на останатите вински земји од балканот. Треба да го искористиме моментумот, консументите се жедни за нешто ново и уникатно. Светот го посакува овој вински полуостров во целост, поради што меѓуструковната соработка и заедничката промоција е клучна.” Настанот е реализиран со подршка од Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, како и GIZ Германското друштво за меѓународна соработка. Кон останатите наградени вина тука
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |