Најнова светска потврда за високиот квалитет на вината на „Тиквеш Скопје, 22.08.2019 – Дури девет вина од бренд платформата на „Тиквеш“ – Tikveš Chateaux & Domaines добија високи оценки од познатиот независен вински критичар Џеб Данак (Jeb Dunnuck), кој неодамна го напушти тимот на „Wine Advocate“ на прочуениот светски вински експерт Роберт Паркер, каде ја имаше улогата на водечки вински критичар, поради што често го нарекуваа Роберт Паркер помладиот Инаку, шест од оценетите вина од страна на Данак добија над 90 поени, оценки кои традиционално се резервирани за премиум вина од најпознатите вински региони во светот. Меѓу наградените вина, шест се од македонските вински локалитети на „Тиквеш“ – црвеното „Barovo 2016“, белото „Barovo 2018“, црвеното „Bela Voda 2016“, белото „Bela Voda 2018“, „Domaine Lepovo Grand Cuvèe 2016“ и „Domaine Lepovo Chardonnay 2018“. Џеб Данак им даде високи оценки и на три вина од француската винарница „Château de Gourdon”, која ВВ „Тиквеш“ ја презеде минатата година – белите „Fontaine Du Sud 2018“ и „Terraisse Au Soleil 2018“ и црвеното „Vase De Pierre 2017“. Ова е особено важно, ако се земе предвид дека две од овие вина се од првата берба на француската винарница откако со неа раководи енолошкиот тим на „Тиквеш“. Вината од „Chateau de Gourdon”од пролетта годинава се достапни и на македонскиот пазар. Џеб Данак е светски афирмиран независен вински критичар, кој преку својата платформа JebDunnuck.com им нуди на консументите сеопфатно вреднување на премиум вината избегнувајќи ги нивните “приказни”, водејќи се исклучиво врз нивниот квалитет. Објавува критички осврти за најсофистицираните вина од Калифорнија, Вашингтон, Јужна Франција и Бордо, истовремено истражувајќи ги богатите вкусови на вина од целиот свет. Својата кариера ја започнал во тимот на светски реномираниот вински критичар и т.н. застапник на винските консументи во САД, Роберт Паркер.
1 Comment
22/7/2023 01:09:09 pm
Lovely blog thanks for taking the time to share this
Reply
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |