Група научници и лозари од Грузија испитуваат кое грозје би одговарало на Марсовските почви и како најдобро да се негуваат лозјата таму со надеж дека еден ден колонистите би можеле да направат свое вино на црвената планета. Проектот IX Millennium, со седиште во Тбилиси, одгледува видови на лозја кои би биле соодветни за земјоделските почви на Црвената планета, како што објави Вашингтон пост. Оптимистички, НАСА се надева дека мисијата со екипаж на Марс можеда се случи до 2034 година, додека претприемачот Елон Маск рече дека неговата компанија Space X би можела да ја започне својата прва мисија на Марс со екипажво 2024 година. Сега, тим од академици и истражувачи се потпираат на 8.000 годишното наследство од Грузија за производство на вино и на својата државна библиотека за грозје во Сагурамо, каде се одгледуваат 450 локални сорти и 350 странски сорти грозје за истражувачки цели, за да се идентификува најпогодната сорта на грозје за условите на Марс. И покрај тоа што изгледите за одгледување на винова лоза на Марс се оддалечени од реалноста со години, истражувањето може да помогне во одговорот на прашањата за радијацијата, прашината и другите предизвици за животно одржливо земјоделство на Марс, при тоа потенцирајќи ја можноста дека еден ден колонистите би можеле да уживаат во грузиско вино размислувајќи за "Животот на Марс". "Доколку имаме намера еден ден да живееме на Марс, Грузија треба да придонесе за тоа. Нашите предци донеле вино на Земјата, така што и ние можеме истото да госториме и на Марс ", изјави Николож Доборџинизе (Nikoloz Doborjginidze), основач на Грузиската Агенција за вселенско истражување и советник во Министерството за образование и наука, кој е дел од винскиот проект. Тимот планира да изгради лабораторија за урбани вертикални стакленици во Грузија, која ќе ги имитира условите на Марс, овозможувајќи да се одреди грозјето кое најмногу ќе напредува на Марс. Феникс Марс, летечкиот објект на НАСА кои слетал на Марс, ја анализирал детално почвата, а научниците од тогаш ги реплицирале неговите уникатни карактеристики со цел да го тестираат потенцијалот за одгледување растенија на земјата. Општо земено, почвата на Марс може да се реплицира на земјата со здробениот базалт од исчезнатиот вулкан во пустината Мохавево Калифорнија. Процесот ќе биде мониториран од Универзитетот за бизнис и технологија, техничката поддршка на HP и Европската вселенска агенција. Генерално, тимот предвидува дека белото грозје ќе вирее подобро од црвеното, со една потенцијална сорта Ркацители, позната по својата висока отпорност на ладните зими и топлите лета. Ефектите на зрачењето врз грозјето ќе бидат исто така тестирани. "Белата винова лоза има тенденција да биде поотпорна на вируси. Па, би можел да претпоставам исто ќе се однесува и на радијацијата односно зрачењето. Нивната лушпа може да го рефлектира истото", изјави Леван Ујмајуридзе (Levan Ujmajuridze), директор на лабораторијата за лозови насади на земјата. Грузија не е првата земја која ги разгледува алкохолните потреби на идните марсовски колонисти. Во 2017 година, Budweiser ја сигнализира својата посветеност да произведе вселенско пиво, испраќајќи јачмен во вселената, со цел да проучи како едната од главните состојки за производство на пиво би реагирала во средини со микро-гравитација.
Budweiser соработува со Центарот за унапредување на наука во вселената (CASIS), организација која управува со Националната лабораторија на Меѓународната вселенска станица Space Tango, која работи со двa комерцијални истражувачки капацитети во рамките на националната лабораторија, со цел да спроведе серија експерименти. Јачменот требаше да биде пренесен со мисијата за снабдување на вселенскиот брод Space X, која започна на 4 декември од станицата на воздухопловните сили на Кејп Канаверал, Флорида, и ќе остане во орбитата еден месец пред да се врати на Земјата за анализа. Budweiser веќе се позиционира себеси да стане "првото пиво на Марс", со надеж дека ќе биде пивото што ќе го носи екипажот на НАСА кога конечно ќе ја направи својата прва мисија на Марс со екипаж. Од друга страна пак, група студенти за истражување на еден американски универзитет откриле како да растат хмељ на Марс, трасирајќи го патот за меѓупланетарно земјоделство. Студентите на Универзитетот Виланова во Пенсилванија добија примерок од почвата на Марс за да експериментираат,од каде дошле до заклучок дека хмељот и ‘ржот растат "мошне добро" со помош на зрна од кафе и ѓубрива произведени на Земјата.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk GrandVin 2025
REGISTRATION OPENED
Early Booking Offer
[email protected] WINE COURSES
click on image past event
TASTE OF AWARDS past event
VRANÆC WORLD DAY |