Во склоп на планираните активности на Македонската Асоцијација на Сомелиери – МАСОМ, на 04 Јули 2021 (недела) ќе се оддржи летно винско дружење на кое ќе се претстават македонските винарии. Настанот ќе се оддржи на отворено на терасата на реномираниот ресторан Воденица – Мулино лоциран во центарот на Скопје. “Летно Вино” или Summer Wine е еднодневна манифестација која за првпат кај нас се оддржува во летниот период со тенденција да прерасне во традиционална манифестација. Самиот настан има за цел да даде фокус на новите вина од новите берби кои се или штотуку ќе бидат лансирани на пазарот, со фокус на освежителните, овошно водени вина. Настанот е планиран да се оддржи во времетраење од 17:00 до 23:00 часот, а посетителите ќе имаат можност да дегустираат преку 150 вина придружувани со голем избор на закуски од ресторанот Воденица. Настанот ќе се оддржи на отворено во склоп со актуелните Ковид препораки поради што бројот на влезници ќе биде лимитиран. Посетителите ќе имаат можност да купат влезници на самиот настан како и онлајн на следниот линк: https://www.karti.com.mk/summer-wine.nspx Во подготовка се и неколку предавања со цел едукативно зацврстување на македонската винска сцена, за кои дополнително посетителите ќе бидат известени на следниот линк каде може доболнително да се информираат и за листата на веќе пријавените учесници која сеуште е отворена: http://www.masom.net/summerwine.html “ И покрај тоа што официјално пандемијата не е завршена, мораме да дадеме максимални напори што поскоро да се вратиме на периодот пред Ковид пандемијата и да продолжиме со остварување на нашите цели и подобрување на економската слика на сите во синџирот на вредности. Токму поради тоа оваа манифестација ја сметаме за мошне значајна, како едно винско будење на македонската винска сцена после Ковид “хибернацијата”, за што сме неизмерно благодарни на винариите и спонзорите кои го поддржаа овој настан како и на ценетите посетители” – изјавиja од МАСОМ.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |