На 04 Јули 2021, со чашка полна допадливи ароми и освежителни овошни вкусови, гостите и учесниците на настанот “Летно вино” го започнаа овогодишното винското лето. Во прекрасна атмосфера, на терасата на ресторанот Воденица-Мулино се претставија следните македонски винарници: Стоби, Тиквеш, Бовин, Камник, Лазар, Сопот, Попови, Венец, Сковин, Попов, Пуклавец Македонија и Брзанов. Посетителите исто така имаа можност да ги вкусат и вината на винаријата Звонко Богдан од Србија, словенските вина од Пуклавец , италијанските вина на увозникот Винум-мкд, како и француските вина од шатото Гордон на винаријата Тиквеш. Вината ја следееа и внимателно одбраната храна од спонзорите Тинекс деликатесен и Рудине во соработка со реномираниот ресторан Воденица-Мулино, додека за рехидрирање на посетителите се погрижи Горска со своите производи. Во склоп на настанот, организаторот Македонската асоцијација на Сомелиери – МАСОМ додели сертификати на 20на кандидати кои успешно го положија првото ниво од сомелиерските обуки “Во светот на вината, нашиот вински регион го препознаваат по црвените вина, но тоа е само една страна од медалот. Повардарието, нашата винска артерија има и друга страна, мирните бели и розе вина, како и пенливите. Се надеваме дека со овој настан успеавме да ја откриеме и втората страна на медалот кој се повеќе почнува да блеска.” - изјавија од МАСОМ. Дел од атмосферата на настанот: http://www.masom.net/gallery-summer-wine.html
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |