Основачот на Somm TV, Џејсон Вајз заедно со неговиот тим ја креираа стримиг платформата на која ќе се прикажуваат филмови и авторски емисии за вината и гастрономијата во светот. Секако, овој канал покрај забавен ќе има и едукативен карактер каде гледачите ќе може да одберат адекватна емисија според нивното познавање на вината и гастрономијата.
Телевизискиот канал е сеуште во подготовка и неговото официјално отварање е закажано за Март 2020 година. Оние кои веднаш сакаат да ги гледаат веќе поставените содржини на овој канал, тоа може да го направат со месечна претплата од 10 USD или 75 USD годишно. Доколку сакате да ги следите содржините на вашите мобилни уреди можете да ја симнете апликацијата од интернет страната на Somm TV. "Шоу индустријата се менува со неверојатна брзина, и луѓето ги гледаат содржините на потполно други начини. Сакавме и порано да направиме многу нешта, но за тоа едноставно не постоеше платформа. Со оваа платформа сакаме да покажеме колку винската и ресторанската индустрија се во суштина инклузивни и шаренолики, спроти мислењето на винската критика дека винскиот свет во документарците се прикажува како "Свет на Белите Мажи" - Изјави за Декантер Џејсон Вајз
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |