Рекордна посетеност, експанзија на македонската винска сцена. Топлиот и сончев саботен ден не успеа да ги задржи љубителите на вина да го посетат првиот пролетен вински салон "GrandVin". Настанот се одржа во пријатна атмосфера на престижниот хотел Мериот, во организација на Македонската Асоцијација на Сомелиери - МАСОМ и забележа рекордна посетеност на вински ентузијасти и професионалци. Педесетина производители на вино и единаесет македонски дестилерии со огромно задоволство ги понудија своите новитети за дегустација на задоволство на бројната публика. Посетителите имаа прилика да уживаат во вкусовите на неколку увозници и домашни производители на храна. Земја гостин на салонот беше Албанија, претставувана од четири водечки винарии по препорака на Албанската Асоцијација на Сомелиери, со што овој салон за првпат и овозможи на домашната публика да се стекне со винско искуство на кое многу странски експерти и познавачи ќе им позавидат. На настанот, традиционално се поделија сертификати на кандидатите кои ги положија сомелиерските обуки. Помеѓу нив за првпат беа доделени и шест сертификати од напредно ниво "Commis Sommelier", програм кој за првпат беше претставен кај нас кон крајот на 2022 година.
"Задоволни сме од одзивот на изложувачите и изненадени од масовната посетеност, што силно не радува. Експанзијата на домашната винска сцена е предизвик за производителите да продолжат во насока на подобрување на квалитетот и дефинирање на идентитетот на македонското вино. Секако, винската сцена е исто толку важна и во промоција на нашата земја како светски вински регион и поттик за развој на остантите гранки поврзани со оваа индустрија. Веруваме дека овој настан го најде своето место и ќе прерасне во традиционален настан на взаемно задоволство." изјавија од МАСОМ.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |