МАСОМ - Македонската Асоцијација на Сомелиери како организатор на настанот Grand Vin, покажа висок професионализам и спремност да ги претстави најдобрите вина од Македонија во светло достојно само за нив. Задоволството кај гостите, винарниците и организаторот се само потврда за успехот на овој настан. Четвртокот вечер, 04 октомври, во пријатана атмосфера на хилтоновиот бар 55 лоциран на кровот од хотелот, се одржа првиот Grand Vin. Гостите имаа прилика да дегустираат вина од премиум линиите на дванаесетина винарници: Chateau Kamnik, Brzanov Artisan Winery, Bovin, Tikves Chateaux & Domains, Ezimit, Stobi, Imako, Popov, Chateau Sopot, Dalvina и Venec.
Словенија како земја партнер се претстави со винаријата Puklavec & Friends чии црвени вина ги произведува кај нас во нивната нова винарница во с. Дисан. Покрај угледните домашни гости, љубители на виното, настанот го посетија и видни светски критичари, вински судии, специјализирани новинари и блогери од светот: Caroline Gilby MW, Peter McCombi MW, Paul Robert Blom, Nicolas Angelina, Tanel Elgi, Darrel Joseph, Thomas Brandl, Ivo Kozarcanin, Sinisa Lasan, Igor Lukovic, Damir Fabijancic, Perica Radovic, Peter Irman, Urša Cvilak, Charine Tan, Zeljko Suhadolnik, Darja Zemljic, Mario Mestovic, Nenad Trifunović, Tomaž Sršen, Mirjana Maksimović, Srđan Lisac, Matthias Stelzig, Danijela Radeć, Luka Bešić, Galina Nikiforou, Dejan Radonjić и многу други. Грижливо селектираните вина беа следени со адекватна храна подготвена од страна на хотелот Double Tree by Hilton, додека самиот настан беше поддржан од страна на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, како дел од програмот за поддршка на манифестации од делот на винарството. Целта на настанот беше претставување на нивото на развиток во лозарството и винарство кај нас преку дегустација на вина од премиум сегментот, како и поттикнување на производтството во овој сегмент, будно следено со манир на одговорно конзумирање. Grand Vin на полноќ 04 кон 05 октомври ги отвори кулисите на првиот Vranec World Day
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |