Историјата се повторува, откриена е измама кај 66,5 милиони шишиња од француската апелацијата "Côtes du Rhône" (падините на реката Рона) која e воедно најголемиот под- регион растурен низ двата вински региона Јужна и Северна Рона. Измама тешка 66,5 милиони шишиња фалсификувано вино, кое е надвор од прописите на апелацијата Кот ду Рон, опишана како "масовна злоупотреба на етикетата на Cotes du Rhone" од страна на француските власти.
Дека нешто било сомнително со производството и извозите на една од поголемите компании за наливно вино Рафаел Мишел (Rapaël Michel) го регистрираше француската царина која откри голем број нерегуларности при што беше приведен минатата година првиот човек на компанијата Гијом Рикварт (Guillaume Ryckwaert) под сомнение, извоз на евтини вина класифицирани како Cotes du Rhone AOC, како и лажно класифицирани како AOC Chateauneuf-du-Pape. Британците како главни потрошувачи, се главните жртви на измамата која станува се поголем проблем за производителите на Северна и Јужна Рона. Француските власти проценуваат дека 15% од годишното производство на вино од Cotes du Rhone помеѓу 2013 и 2016 година е фалсификувано. Минатата недела, Француската Дирекција за Заштита на Потрошувачите (Consortium de la Consolidation et de la Repression des Fraudes) (DGCDRF) објави дека околу 50 милиони хектолитри вино од Пиоленц, на Рафаел Мишел, биле лажно продадени под етикетите на AOC Cotes du Rhone, додека 10.000 литри биле продадени лажно под познатата и претижна апелација на Јужна Рона Chateauneuf-du-Pape AOC. Вината од Шатoнуф-ду-Пап, во Обединетото Кралство обично се продаваат некаде помеѓу 15 и 50 фунти, како за споредба, проценетата вредност на лажното вино спаѓа во категорија под 5 фунти. Се верува дека преку лажните Chateauneuf-du-Pape, екипата инкасирала 7.000.000 евра кешалица. Она што сега претставува вистински проблем е враќање на довербата на потрошувачите.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk GrandVin 2025
REGISTRATION OPENED
Early Booking Offer
[email protected] WINE COURSES
click on image past event
TASTE OF AWARDS past event
VRANÆC WORLD DAY |