Чекориме сигурно кон врвот на винскиот свет, а таму дуваат силни ветришта. Само со љубов и посветеност до квалитет кој ќе ни осигура безгрижност на самиот врв. Тен Барелс Сира 2017 Резерва (Ten Barrels Syrah 2017 Reserva) од Винарија Камник доби златен медал на Сира ду Монде 2020 (Syrah du Monde 2020, Меѓународен натпревар посветен на Сира вината во светот. Четиринаесеттиот натпревар на најдобрите светски вина од сортата Сира/ Шираз се одржа на 27-29 октомври во Шато д’Ампуис во северниот дел на долина на реката Рона, Франција. Во контекст на натпреварот се дегустирани 307 примероци Сира вино од 27 земји, во согласност со меѓународните правила и се доделени само 14 златни медали на светско ниво.
Не е ова прва награда на ова натпреварување за винаријата Камник. Тие што ги следат движењата на македонската винска сцена знаат дека и претходно сјаеше златниот стикер на шишето Сира Тен Барелс од Камник. Сепак, овој пат Тен Барелс Сира 2017 Резерва влезе во ТОП 10 листата на најдобрите Сира вина во светот, закотвувајќи се на второто место веднаш по швајцарскиот "Голем Мајстор 2018" од познатата швајцарска винска долина Вале на винаријата Грегор Кунен (Valais AOC - Grandmaître - Syrah - Elevé en Fût de Chêne 2018). На третото место веднаш после Сира Тен Барел се позиционира добро познатиот Петер Леман од славната долина Бароса, Австралија со што ја засили водечката тројка. Многу познати винарии од популарните светски вински региони на таа листа остаанаа да ја голтаат прашината на оваа тројка, како: Мајкл Давид од познатата калифорниска долина, Лоди, или широко распростанетите и добро познати по нивните квалитени ширази низ светот Пенфолдс. По се изгледа сирато како винска сорта добро се вдомува во нашите виногорја и полека но успешно го оформува својот уникатен македонски стил. Истата сорта одлично се вклопува во бројни купажи, а и нашиот вранец и кратошија се радуваат на тие средби со француската кокета.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk GrandVin 2025
REGISTRATION OPENED
Early Booking Offer
[email protected] WINE COURSES
click on image past event
TASTE OF AWARDS past event
VRANÆC WORLD DAY |