Денес започна меѓународниот саем за храна и пијалоци посветен на извонредноста на Италија и медитеранот. Асоцијацијата Вина од Македонија гостин на најпосетениот павилјон "Белавита" . Шоуто на Националната асоцијација на ресторани (NRA) е водечки настан посветен на индустријата за храна и пијалоци во САД, сега во своето 102-то издание со 65.000 очекувани посетители од целиот свет. Меѓу главните атракции на саемот е павилјонот "Bellavita" посветен на италијанската F&B извонредност кој го привлече досега најголемиот број квалификувани посетители од секторите Foodservice/Horeca, специјализирани малопродажби, увозници и дистрибутери од 2016 година се до денес. На саемот гордо го претставуваат македонското вино седум членики на Асоцијацијата Вина од Македонија: Тиквеш; Камник; Стоби; Бовин; Венец; Сопот и Езимит. Во склоп на едукативниот програм на Bellavita Food & Wine Academy, во сите четири дена се одржува само еден мастерклас посветен на вината. Веќе можете да погодите кои. Низ овој програм македонските вина ќе ја следат италијанската кујна, што укажува на нивно се повисоко позиционирање. Мастеркласот за македонските вина го водат експорт менаџерите на винарниците: Тиквеш - Катерина Костовска и Стоби - Елена Милошевска Јовановска, и двете со највиска WSET квалификација и долгогодишно искуство во винската индустрија. Вранецот е и понатаму нашиот главен адут за освојување на светските пазари, што беше потврдено и со претставување на вината од сортата вранец на седумте членки на Вина од Македонија. Саемот е збогатен и со натпреварот Bellavita Awards, со над 300 купувачи и професионалци од индустријата повикани да ги оценат и наградат најдобрите присутни производи, вклучувајки ги и македонските вина. Претставувањето на македонските винарници и вина е овозможено со поддршка од Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |