Добродојдовте во Академијата за вина и јаки алкохолни пијалоци на Македонија
WSAM - Wine & Spirits ACADEMY OF mACEDONIA
WSAM "WINE SERVICE"Вински Сервис е вовед во основите на сомелиерството, наменето за тие што веќе професионално работат или пак сакаат професионално да се насочат во областа на услужните дејности во хотелиерството и угостителството, или попрецизно во делот поврзан со продажба на пијалоци. Ова ниво нема квалификација меѓутоа е составен дел од квалификацијата соработник сомелиер, за која е потребно да се изучи остатокот од основи на вината и жестоките пијалоци.
|
Новоформираната академија за вино и јаки алкохолни пијалоци е единствена, независна академија во Македонија од овој вид, која обезбедува образование и квалификации од областа на познавање на вината и жестоките пијалоци. Наменета е за тие што професионално се инволвирани во таа област, независно дали доаѓаат од винската индустрија, ресторатерството, хотелиерството, туризам, или пак журналистика, како и ентузијасти кои сакаат да осознаат повеќе за својот омилен пијалок. Единствен предуслов кој треба да го исполнат кандидатите за приклучување на некоја од обуките е да се полнолетни.
Винскиот сервис опфаќа обука преку која се стекнувате со следните вештини:
- Основни принципи во сомелиерстввото (вински сервис) - Како да ја зголемите грижата за гостите - Правилно ракување со опрема за вински сервис - Ефективно послужување - Правилно чување на виното - Можности за понатамошно градење кариера Место: Скопје, Охрид Времетраење: 1 ден (8 часа) Предавач: Звонко Херцег WSET и AIS сертифициран експерт за вина и јаки алкохолни пијалоци Испит: Практичен дел (ресторанско сценарио) Цена: 7.500,oo ден + ддв Во цената се вклучени: Наставен материјал, мостри вино, предавање, испит и провизија за користење опрема за сервис за време на обуката. Резервирајте го вашето присуство
|
Кандидатите кои успешно ќе го положат испитот се стекнуваат со сертификат за положена обука за вински сервис и членство во WSAM Винскиот Клуб кој обезбедува попусти при вински настани, попуст на вина во одредени ресторани и обезбедува информации потребни за одржување на членовите во тек со новитетите од областа на вината и жестоките пијалоци.
За повеќе информации +389 75 21 99 17 или [email protected]
За повеќе информации +389 75 21 99 17 или [email protected]
ПОЧЕТНО НИВО
|
ПОПУЛАРНО
|
WSAM PROFESSIONAL ASSOCIATE IN WINES & SPIRITS
|
Кандидатите кои ќе ја посетат оваа обука ќе се стекнат со знаење од следните области:
- Вински Сервис - Основи на производство на вино - Фактори кои влијаат на стилот и квалитетот на виното - Клучни бели и црни вински сорти грозје, нивни карактеристики и застапеност во домашните виногорја - Клучни светски вински региони од каде тие сорти доаѓаат, фокус на домашните виногорја - Производство на пенливи вина - Производство на слатки и зајакнати вина - Основи на впарување на храна и вино - Дегустација и евалуација на 48 винa - Основи на дестилација - Главни категории и стилови на жестоки пијалоци Место: Скопје, Охрид Предавач: Звонко Херцег WSET и AIS сертифициран експерт за вина и јаки алкохолни пијалоци Времетраење: Континуирано 3 дена (24 часа) од 09:00 - 17:00 Испит:Теоретски дел (50 multichoice прашања за 45 минути) Практичен дел (ресторанско сценарио) и темна дегустација на две вина. Цена: 15.500,oo ден + ддв Во цената се вклучени: Лексикон на вкусови, наставен материјал, мостри вино, предавање, испит и провизија за користење опрема за сервис за време на обуката. |
Кандидатите кои успешно ќе го положат испитот се стекнуваат со сертификат за положена обука WSAM Professional Associate in Wines & Spirits или WSAM Associated Sommelier и членство во WSAM Винскиот Клуб кој обезбедува попусти при вински настани, попуст на вина во одредени ресторани и обезбедува информации потребни за одржување на членовите во тек со новитетите од областа на вината и жестоките пијалоци.
За повеќе информации +389 75 21 99 17 или [email protected]
За повеќе информации +389 75 21 99 17 или [email protected]
НАПРЕДНО НИВО
|
ПРЕПОРАЧЛИВО
|
WSAM ADVISER IN WINE & SPIRITS
|
Услов за посета на ова ниво е поседување сертификат за WSAM Стручен Соработник за Вина и Јаки Алкохолни Пијалоци односно WSAM Соработник Сомелиер
Кандидатите кои ќе ја посетат оваа обука ќе се стекнат со знаење од следните области: - Клучни фактори кои влијаат на стилот и квалитетот на вината - Сензорна анализа на вината и жестоките пијалоци - Впарување на вино и храна - Мирни вина на Европа (региони,аплеации, проиводство, специфики) - Мирни вина на Новиот Свет (региони, апелации, производство, специфики) - Пенливи вина во светот (региони, апелаци, производство, специфики) - Зајакнати вина во светот (региони, апелаци, производство, специфики) - Дегустација и евалуација на отприлика 100 вина - Практичен дел, лозје и винарија (посета) - Жестоки пијалоци во светот (региони, апелаци, производство, специфики) Место: Скопје, Охрид Времетраење: Континуирано 2 недели (понеделник-петок | 90 часа од 09:00-17:00 Предавач: Звонко Херцег WSET и AIS сертифициран експерт за вина и јаки алкохолни пијалоци Испит: Теоретски дел (50 multichoice прашања за 45 минути и четири прашања писмен одговор за 30 минути) Практичен дел (темна дегустација на шест вина) Цена: 36.900,оо ден + ддв Во цената се вклучени: посета на винарии, лексикон на вкусови, наставен материјал, мостри вино, предавање, испит и провизија за користење опрема за сервис за време на обуката. |
Кандидатите кои успешно ќе го положат испитот се стекнуваат со сертификат за положена обука WSAM Adviser in Wines & Spirits или WSAM Sommelier и членство во WSAM Вински Клуб кој обезбедува попусти при вински настани, попуст на вина во одредени ресторани и обезбедува информации потребни за одржување на членовите во тек со новитетите од областа на вината и жестоките пијалоци.
За повеќе информации +389 75 21 99 17 или [email protected]
За повеќе информации +389 75 21 99 17 или [email protected]
МАСТЕР НИВО