Вина кои мораат да се пробаат на ТоА24 Македонската асоцијација на сомелиери - МАСОМ, организатор на ToA24 - малиот вински настан на големите македонски вина, го објави винскиот водич за посетителите на настанот. Избраните вина се врз основа на оценки од 90+ поени од четири многу важни меѓународни вински натпревари: CMB, DWWA, Mundus Vini и BIWC.
Настанот ќе се одржи во 55 Roof Bar - Double Tree by Hilton хотел на 4 октомври 2024 година, од 18:00 до 23:30 часот. Во рамките на настанот, планиран е мастерклас на највисоко оценети македонски вина за 2024 година, од секој од излагачите на ToA24. Прилично ограничен број билети се веќе пуштени во продажба.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |