ВИНСКА ИЗЛОЖБА НА НАЈВИСОКО ОЦЕНЕТИ МАКЕДОНСКИ ВИНA Се почесто слушаме за освоени награди на македонските вина, што веќе некако ни стана нормално кога некое вино ќе освои награда. Ако на тоа додадеме дека поголемиот дел од нив се тешко достапни или се недоволно обележани на пазарот, па и ако “зачиниме” со фактот дека пропозициите за освоени медали како, сребро, злато или големо злато, платина, од натпревар до натпревар се разликуваат, некако неправедно го фрла во сенка успехот на оние, високо оценетите вина. Токму поради тоа Македонската Асоцијација на сомелиери – МАСОМ, се одлучи да организира вински настан на кој македонската винска публика ќе има можност да го почувствува “вкусот на наградите”, и да ги постави највисоко оценетите македонски вина во 2024 година, на заслужено место. Винскиот настан “Вкусот на наградите” ќе се одржи на 04 октомври 2024 во 55 Roof Bar на хотелот Double Tree by Hilton - Skopje, од 18:00 – 23:30 часот. Овој ексклузивен вински настан и можеби единствен во светот, за првпат ќе обедини наградени вина од од неколку светски реномирани вински натпревари: DWWA - Decanter World Wine Awards, CMB - Concours Mondial de Bruxelles, Mundus Vini and BIWC - Balkans International Wine Competition.
Посетителите ќе имаат ексклузивна можност да вкусат педесетина премиум вина, издвоени во водичот на настанот, од петнаесет македонски винарници и тоа: Тиквеш, Бовин, Венец, Лазар, Камник, Попови, Парагон, Стоби, Илиев, Максимилијан, Захарчев, Дане Хермес, Олд Скул , Сопот и Имако Вино. Додека за посетителите кои сакаат подлабоко да се запознаат со највисоко оценетите вина од секој од изложувачите на настанот, ќе се одржи мастерклас под име “Прошетка по винскиот врв” кој ќе го води винскиот експерт и меѓународен вински судија, Катерина Костовска.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk TASTE OF AWARDS 2024
4OCT VRANÆC WORLD DAY
5OCT WINE COURSES
click on image |