Благодарение на "Chestwine", наскоро ќе биде полесно до вино без сулфити. Португалска старт-ап компанија, оваа година ја отпочна промоцијата на прашок од цвет од костен, кој е со исти антиоксидантни и антимикробни ефекти како SO₂. Во Франција, производот е тестиран на овогодишната берба во три поседи во Бордо. Североисточен дел на Португалија, 2017 година: истражувачите од Универзитетот и Политехничкиот институт во Браганса поднесоа патент за употреба на танини од машки цветови од костен како конзерванс за вино. 2019: консултант на неколку производители на вино од Vinho Verde кои успешно ја тестираат оваа алтернатива на сулфур диоксид (SO₂), Филип Ортега го презема патентот и ја создава спин-оф компанјата Tree Flowers Solutions заедно со уште 3 партнери. Јуни 2024: стартуп тимот ја финализираа формулацијата на „Chestwine“, го трансформираа од билен чај во прав, и потврдија дека ги исполнува барањата на Енолошкиот кодекс на Меѓународната организација за вино и лоза (OIV) во оделот за органско лозарство, со што го и го финализираа својот производствен процес. Промоцијата за препаратот е официјално лансирана. Според Tree Flowers Solutions, полифенолното богатство на Chestwine е барем исто толку ефикасно како SO2 во инхибиција на оксидацијата и развојот на микробите. „Танините од костенот реагираат со слободен и растворен кислород и го спречуваат формирањето на алдехиди“, објаснува Филип Ортега, уверувајќи дека за разлика од сулфитите, костенот не е алерген и нема влијание врз вкусот или бојата на виното. 'Танините од костенот реагираат со слободниот и растворениот кислород ДОЛГОТРАЈНИ СТАБИЛНИ ВИНА Имплементацијата е многу едноставна. „Само измешајте го прашокот со ширата во 5-литарска кофа, вратете го сето тоа во танкот и хомогенизирајте го“, илустрира Филип Ортега. Tree Flowers Solutions препорачува винарите да додаваат Chestwine пред алкохолна и пред малалактична ферментација. Компанијата вртува дека тоа нема да влијае на бактериолошката активност. Понатаму, инакулација за време на зреењето на виното и непосредно пред флаширањето. „Во зависност од бојата, здравјето на грозјето и општата хигиена на визбата, потребно е да се додадат помеѓу 27 и 45 g/hL. Во овие дози вината остануваат стабилни најмалку 60 месеци, времетраењето на нашите најдолги испитувања“, продолжува Филип Ортега. Tree Flowers Solutions тврди дека веќе има многу клиенти во Португалија и Шпанија. Филип Ортега користи мрежата што ја изгради за време на неговиот 25 годишен ангажман како извршен директор на Pernod Ricard Bodegas. „Бизнисот исто така го започнавме и во Италија каде нè дистрибуира одгледувач на винско грозје“, вели тој. Во Франција, на три поседи во Бордо ја тестираа Chestwine оваа берба. Останува само да ги почекаме нивните повратни информации.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |
AuthorTerroir.mk Wine Courses
|