ХУМАНИТАРЕН ПРОЛЕТЕН ВИНСКИ САЛОН Традиционалното пролетно винско претставување во организација на МASOM-Mакедонска асоцијација на сомелиери, ќе се одржи на 29 март 2025 (сабота) со почеток од 13:00 часот. На настанот ќе учествуваат четириесетина изложувачи, претежно македонски производители кои ќе ги претстават своите нови вина, берби и купажи за 2025 година. Хотелот Мериот во Скопје е избраната локација за овој настан на кој гостите ќе имаат прилика дополнително да го збогатат своето винско искуство и со некој вина од познатите светски вински региони за што се задолжени македонските увозници на вина. Професионалците и љубителите на "посилната" капка пак ќе имаат прилика да дегустираат и по некоја грижливо селектирана ракија, додека во деликатесниот павилион ги очекуваат нови гурмански специјалитети. Настанот се затвора во 21:00 часот, а онлајн влезниците се веќе во продажба.
0 Comments
Your comment will be posted after it is approved.
Leave a Reply. |